- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Филипини: Најлошите поплави во последните 40 години

Категории: Источна Азија, Филипини, Бегалци, Граѓански медиуми, Животна средина, Катастрофи, Најважни вести, Хуманитарен одговор

Повеќе од 50 лица загинаа откако тропската бура Ондои (меѓународно име: Кетсана) ја погоди Метро Манила и соседните провинции. Бурата ги предизвика најлошите поплави во државата [1] во последните 40 години раселувајќи 280,000 луѓе во Манила и пет други провинции, со повеќе од 41,000 лица во 92 центри за евакуација. Додека го пишуваме ова, 1.2 милиони жители [2] сè уште се без електрична енергија во урбаниот дел од главниот град на Филипините.

ondoy [3]

Социјалните медиумски мрежи беа ангажирани не само да ги споделат информациите за бурата, туку и да известуваат за напорите за спасување и за итните случаи во областите погодени од бурата. Џои Араљила забележа [4] како беше искористен интернетот од филипинските корисници откако бурата ја погоди Метро Манила:

Го пишувам овој блог користејќи припејд HSDPA USB модем затоа што нашата зграда нема струја веќе неколку часа; сепак имам повеќе среќа од многу мои сонародници, кои уште се заглавени на патиштата или на покривите на нивните куќи.

Тwitter и другите социјални мрежи како Facebook беа главните средства со кои филипинските интернет корисници беа во чекор со настаните и ги споделуваа информациите преку СМС пораки со агенциите за помош од катастрофи и волонтерските здруженија откако другите средства за комуникација беа блокирани.

ondoy2 [3]

Централата на Rescue Info Hub Central објави документ со табела [5] која ги содржи адресите на жртвите од поплавите кои треба да се спасат. Беше креирана и мапа на Google за да се следат поплавените области ва Метро Манила и да се наведуваат властите кон селата каде што жртвите имаат потреба од помош.

Види ја мапата за ситуацијата од Ондои во Метро Манила [6] на поголема карта

Филипинците го искористија Twitter и Plurk [7] за да ги следат најновите вести за бурата, всушност Oндои [8] и NDCC [9] (владиниот Совет за координација на национални катастрофи) станаа топ-читани објави на Twitter минатата сабота. Пример за постовите:

pretzelgurl [10]: татко ми е уште заглавен на неговото работно место во мангахан, пасиг сити. молам пратете помош.
angeliesa [11]: Бевме пуштени од професорот околу пладне. Одевме и се боревме со поплавата .Стигнавме дома околу 20:00 часот. Сега се ме боли.
janblando [12]: Баба ми e сè уште на нејзиното поткровје во Кантри Хоумс, Каинта. Поплавата на нејзината улица се намали до исчезнување но текот е силен.
ValfrieClaisse [13]: О, боже! Овде нема електрична енергија од вчера. Голема и нечиста вода го зафати целото соседство.
dementia [14]: Има многу донации кои доаѓаат но она што навистина ни треба е транспорт на помошта до жртвите.

teeemeee [15]: Водата се повлече од нашиот паркинг но е сè уште висока до колена. Сношти стигна до градите.

ArmelEspiritu [16]: Само што стигнав дома откако ја поминав ноќта во мојот автомобил. Морав да се преместам каде што нема вода за да го спасам.

Неколку видеа беа објавени на Youtube, на кои се гледа силниот удар на поплавите во Метро Манила. Првото видео: Поплава во Макати Сити, финансискиот центар на земјата. Објавено е од корисникот yugaabe.

Ова видео ги прикажува надојдените води на реката Маркина. Видеото е објавено од корисникот Initiate360.

Долж авенијата Катипунан, комбе се превртува во поплавената улица.

Пешаци се обидуваат да ја преминат поплавената улица.

Донации се сè уште потребни. Има повеќе групи кои ги примаат донациите [17] за жртвите од поплавите.