- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Зелен бес против Ахмадинеџад во Њујорк

Категории: Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Иран, САД, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Меѓународни односи, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Демонстрантите против иранската влада и прекршувањето на човековите права [1] во Иран го одржаа своето ветување [2] и протестираа [3] против иранскиот претседател, Maхмуд Ахмадинеџад [4] во Њујорк, за време на неговото обраќање [5] на Генералното собрание на Обединети нации, во средата на 23 септември. Демонстрантите дојдоа [6] од четирите страни на светот вклучително и Торонто, Токио и Техеран. Иранското опозициско движење („зелено движење“) беше добро претставено. [7]

Има голем број на видеа на YouTube, кои ги прикажуваат демонстрантите во Њујорк. Еве неколку:

Ние ја имаме моќта

Ахмадинеџад е лажго

Сите сме Неда [8] и еден глас

Ослободете ги политичките затвореници