- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Анимации наспроти диктатура

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Политика, Протест, Уметност и култура, Човекови права

Голем број на дизајни, постери, песни и филмови се создадени [1] од страна на иранските граѓани, како и од странци од целиот свет, во знак на поддршка на иранското протестантско „зелено“ движење, насочено против резулатите од претседателскиот избори од 12 јуни [2]. И аниматорите имаат објавено војна на диктатурата во Иран.

Зелени луѓе е анимација инспирирана од Ганди [3]


Махмуд Ахмадинеџад во изборната дебата во 2009 година


Човековите права според Бахаи верата

Друга анимација нè потсетува дека исламскиот режим има угнетувано луѓе години пред изборите. MindeastYouth.com [4] ни покажува една анимација за гонењето на следбениците на Бахаи [5] верата во Иран. Приказната е долга 30 години.