Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кувајт: Покрената забрана за пристап до ЈуТјуб

Весниците од вторникот беа преплавени со наслови за блокирањето на пристапот до Јутјуб во Кувајт. Блогерите, фрустрирани од ова, случувањето го опишаа како уште едно нарушување на слободата на говор во нивната земја.

Кувајтското министерство за комуникации прво издаде наредба до локалните интернет сервис провајдери за забранување на пристапот до Јутјуб, што беше предизвикано од објавените видео содржини кои се сметаа за навредливи за муслиманите и за исламот. Еден блогер потоа извести дека забраната била покрената откако ЈуТјуб го отстраниле „навредливото“ видео.

За првобитната забрана, Ансам пишува:

Мислам дека ова е најглупавата одлука што некогаш била донесена, кога станува збор за блокирање на навредливи сајтови… Што ќе биде следно? Блоговите!!! Лајмуајр!!!

Луѓе, ова е бесмислено… не, не, не… ова е бесмислено тажно! Кој донесува такви одлуки! Зар не е ЈуТјуб полн и со видеа кои го поддржуваат исламот, муслиманите и арапите! Зошто да се фаќаме за негативните работи?!?! Да не е целава работа заради стиховите од Куранот кои беа читани во придружба на мелодија? Видеото беше тргнато, за име божјо? Треба само да ги пријавиш навредливите видеа и твојот глас веднаш ќе биде слушнат!

Го мразам ова МНОГУ! Уффффф!

А кога забраната не беше имплементирана, Ансам извика:

Ја откажаа забраната. ЈуТјуб не е блокиран… ЈЕИЈ.

Друг Кувајтски блогер, Лофт965, забележува:

Доаѓа крајот на светот, колку што знаеме: Кувајт може да го блокира ЈуТјуб.

Башар исто така е бесен заради одлуката, предлагајќи владата да го забрани пристапот и до други сајтови кога веќе работата е таква. Неговите предлози опфаќаат:

Ако сакаат властите да одат понатаму, иако ЈуТјуб навистина изреагира по објавувањето на видеото, ги слушна поплаките на луѓето , па сега баш и нема такви видеа, јас имам листа на предлози кои ќе ја однесат нашата земја напред, а истите се внимателно селектирани од изборот на Алекса за најдобрите 100 сајтови во Кувајт:

  1. Гугл, Јаху и МСН: главни за пребарување на сите злобни нешта. Блокирајте ги.
  2. Фејсбук: има неколку атеистички и анти-исламистички групи. Не се трудете да ги исконтактирате, едуцирате или да ги споделите вашите мислења со нив. Едноставно оставете го целиот сајт.
  3. Мактуб.ком (Maktoob.com): Арапски онлајн форуми, е-бракот може да биде злоупотребен за романтични состаноци, филмови, хороскопи. Ова не е исламистичко нели?
  4. Кура.ком (Kooora.com): Се за фудбалот, и тоа претежно за европскиот, каде тимовите рекламираат пиво и вино на нивните маици од спонзорите.
  5. Рапидшер: делењето содржини не се надгледува, не може да се открие што споделуваат твоите луѓе. А некој може тајно да споделува навредлива содржина. Мора да има нешто такво.
  6. Травиан.ае (Travian.ae): Зошто да им дозволиш на твоите луѓе да играат како романски војници во онлајн игра, да помагаат во ширењето на романската империја онлајн, кога тие би можеле да се борат како Ислами.

Фалантан носи вести за наредбата за забранување на пристапот до ЈуТјуб, промислена на повисоко ниво. Тој пишува:

Ви благодарам на сите и еве го зачудувачкиот одговор, изгледа дека луѓето од министерството ја сфаќаат својата грешка.  Сега добив потврда дека министерот се состанал со главните на министерството и ја поништил наредбата.

Ти благодарам ал-Џарида и ви благодарам на вас блогерите од Кувајт 🙂

Пишувајќи на арапски, Џендиф расправа:

Интернетот има едукативен, економски, комерцијален и културен материјал, но исто така носи терористи, неморални и расистички содржини… Зошто не го забраните?
Ножот може да го употребите за да пресечете јаболко или парче роденденска торта, како и кога јадете парче месо, но има и луѓе кои го користат за да убиваат… зошто не го забраните?
Автомобилот е превозно средство и понекогаш за фалење. Но има и некои кои го користат за да ограбуваат други или за да шверцуваат, а понекогаш предизвикува повреди и убива луѓе… Зошто не го забраните?

Џорданијан Мои, кој го посетува Кувајт редовно, им се обраќа на државните органи:

Зошто да се блокира веб-сајтот? Не знам дали се сеќавате, но тие блокираа пристап до се што беше +18 на Јаху групите пред 2 години, а ЈуТјуб има опција за пријавување на навредливи содржини.
Ве молам, немојте да го изгубите разумот како Сирија и да ги блокирате ЈуТјуб И Фејсбук?

И Франком говори горделиво:

Вестите се денес во весниците.
Честито за нас што живееме во земја на демократија и слобода
Честито за нас што имаме министер кој не знае каде се наоѓа
Честито за нас бидејќи имаме компании кои не застануваат зад своите клиенти
Честито за нас кои живееме во сета оваа благосостојба
Маршираш наназад Кувајт

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.