На 1ви септември во Будимпешта стапи во сила одлука за реонот 6, кој е познат по неговиот прекрасен ноќен живот. Со одлуката се бара баровите, рестораните и тобаката да затвараат во 22 часот. Општината вети дека ќе ги разгледа прописите на 10 септември и ќе ги суспендира сите идни договори, но нотар од реонот 6 заедно со група полицијаци започнале да кружат и на неколку барови и ресторани им ги избркале гостите и им ги затгвориле вратите во улицата „Нагимезо“, која е позната како „Бродвеј од беда“.
Погледни поголема мапа
Првото непослушно граќанско движење и протест против оваа одлука се покренаа истиот ден на квартот Liszt Ferenc, Андрас Фолдес од index.hu објавува (унгарски):
Јавниот протест на преминот на Терезварос (градот Тереза е второто име на реонот 6) во четвртокот вечерта помина одлично. Протестирајќи против одлуката на реонот, кој стапи во сила на 1ви септември, продавниците на квартот Liszt Ferenc ги изгаснаа светлата во 22 часот. Странците кои седеа на терасите гледаа наоколу зачудено, мислејќи дека ќе се запознаат со некој унгарски обичај. Граѓаните на Будимпешта не беа вознемирени, тие си продолжија со нивните разговори.
Беше очигледно дека тие знаеа што се случува, кога се вклучија светилките се слушна бран од аплауз кој ја преплави терасата. Квартот повторно изгледаше како да реонот 6 не добил никаква одлука тој ден која стапила во сила, која налагаше продавниците со сувенири, рестораните и продавниците да бидат отворени до 22 часот, наместо до полноќ или до 1 часот по полноќ.
The Budapest Times објави натпис по ревизија на одлуката, изјавувајќи:
Покрај ветувањето на суспензирање на тишината на баровите и рестораните, советот на реонот 6 во Будимпешта гласаше против престанок на регулацијата на нивната седница минатата среда.
[…] По одлуката да биде објавена, 50 реонски сопственици на барови имаа состанок и анонимно се согласија да бидат отворени после 22 часот. […] Тие би сакале да затвараат во 1 часот по полноќ, кој, според одлуката, беше најдоцното време до кое би требало да останат отворени баровите и рестораните, ако ниеден станар не се пожали против тоа.
Граѓаните започнале да организираат протест пред канцеларијата на градоначалникот на реонот на Facebook (унгарски, англиски):
Немаме друг избор освен да протестираме против таканаречениот „ред за мир“ кој што стапи во сила на 1ви септември, според кој СИТЕ ПАБОВИ И РЕСТОРАНИ мора да затворат најдоцна до 1 по полноќ во реонот 6 (Терезварос).
На жалост излезе дека многу малку членови на делегацискиот одбор не ја рекоа вистината според ветеното повлекување на редот кој стапи на сила на 1ви септември. Сега се осигуравме со повторно преговарање на ова прашање на крајот на октомври, очекувајќи го истиот резултат. До сега ниту преговарањата ниту протестите не беа ефикасни, така да нашиот единствен начин е демонстрација.
Никој нема право да го парализира ноќниот живот во центарот на Будимпешта, да банкротираат добро познати и популарни пабови, да ја отстранат живоста во ноќните клубови. Будимпешта е вистинска европска метропола која не може да постои без ноќниот живот!
Повеќе од 1000 работни места, годишно стотици и илјадници гости и слава, реномето на Будимпешта е ставено на коцка!
Би сакале ли во иднина да се забавувате во Терезварос? Тогаш протестирајте со нас! Без ВАС нема да успееме. Колку повеќе луѓе толку е поочигледно колку е смешен и уништувачки овој ред.
Местото за вечерните забави е центарот на Будимпешта, никој неможе да го одземе тоа!
Започната е веб-страница која се справува со оваа тема, обидувајќи се да ги променат гледиштата на локалните станари кои сакаат тишина и да се одмараат во вечерта и на оние кои преферираат да го задржат бучниот ноќен живот.
Takarodó.com објави неколу идеи и предлози кои би сакале да ги дискутираат со локалниот совет. Исто така го шират зборот и се обидуваат да канат луѓе на протестот во понеделник.