Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сцени од границата меѓу Бангладеш и Мјанмар, каде бегалците Рохинџа бараат спас од насилството

Слика од екранот од видеото на Саифул Хук Оми на Фејсбук.

Бруталните дејствија на Мјанмар кон Рохинџа муслиманите принудија многумина од нив да пребегаат кон соседниот Бангладеш. Локални активисти од Бангладеш, новинари и хуманитарни работници ја документираат нивната тешка преселба од местото на настанот.

Рохинџа е етничка група концентрирана во државата Ракхине, во Мјанмар, во која мнозинство се будисти. Владата на Мјанмар не го признава нивното државјанство и други основни права, и нив ги смета за нелегални имигранти од Бангладеш, иако Рохинџа бегалците имаат корени во Мјанмар кои се навраќаат назад со векови.

По нападот на полициска станица во државата Ракхине од страна на група милитанти, со напади возвратија и безбедносните сили на Мјанмар. Сведоци опишаа сцени со војници кои стрелаат цивили и палат домови.

Само минатата седмица, повеќе од 123,000 Рохинџа бегалци влегле во Бангладеш, велат извори од Обединетите Нации. Бангладеш веќе е дом на 400,000 припадници на етничката група Рохинџа, населени во најразлични населби, кои пристигнале во изминатите неколку децении. Иако владата на Бангладеш одбива да ги прифати новите бегалци од Мјанмар за време на оваа нова криза, народот во Бангладеш во голема мера сочуствува со маката на Рохинџа муслиманите.

Шафиур Рахман е еден од луѓето кои споделуваат информации на своите профили на Твитер и Инстаграм за Рохинџа муслиманите кои пристигаат на границата. Тој е британски филмски режисер со потекло од Бангладеш кој работи на документарец за Рохинџа жени бегалци.

На 26 август 2017, тој објави дека граничарите на Бангладеш не им дозволуваат на бегалците да ја преминат границата:

Несреќни Рохинџа жени и деца фатени од граничарите на Бангладеш и вратени назад во Мјанмар. #Rohingya [Рохинџа]

На 29 август, 2017, премиерот на Бангладеш, Шеик Хасина, им нареди на безбедносните сили да се однесуваат хумано кон бегалците бидејќи тие бегаат за да си ги спасат животите. Набргу по таа наредба, граничарите почнаа да пропушаат многу бегалци.

Рахман исто така објави дека армијата на Мјанмар отворила оган кон невини цивили додека тие бегале. Неговата информација се поклопува со други извори кои го кажуваат истото. Хеликоптери на Мјанмар во неколку наврати го нарушиле воздушниот простор на Бангладеш во близина на Укхиа во Кокс Базар, во гонење на, наводно, Рохинџа бунтовници:

ОТВОРЕН ОГАН кон ничија земја на границата на Гундам со Мјанмар пред 30 минути. Бегалците бегаат. Армијата на Бурма сè уште пука без да биде санкционирана

Оваа млада Рохинџа жена беше застрелана денеска, заедно со нејзиниот сопруг, неколку метри пред да бидат обезбедени од бурманската војска. Нивното дете преживеа. #rohingya [Рохинџа]  #burmese [бурманска]

Рохинџа жени и деца од Мин Гри од каде доаѓаат извештаи за масовни убивања со огнено оружје, ножеви, ракетофрлачи и палење куќи. #Rohingya [Рохинџа]

Бебе се предава на жена. Рохинџа родителите се убиени од војската во Мјанмар. #Rohingya [Рохинџа] #Myanmar [Мјанмар]

Хеликоптери на армијата на Мјанмар трипати го нарушија воздушниот простор на Бангладеш. Граничната полиција на Мјанмар (БПГ) испука проектили кон Бангладеш каде на 2 септември бев сведок на смрт на две лица. #Myanmar [Мјанмар]  #Bangladesh [Бангладеш]

Патештествието до релативната безбедност која ја нуди Бангладеш е долго и опасно, вели Рахман:

Истоштени Рохинџа деца бегаат од Мјанмар. Семејствово пешачи 12 дена. #Rohingya [Рохинџа] #Myanmar [Мјанмар] #genocide [геноцид] #ethniccleansing [етничко чистење]

Боси нозе. Километри густа и лизгава кал. И длабока рана на коленото. Искуство на Рохинџа бегалец. Бангладеш #Rohingya [Рохинџа] #refugee [бегалец]  #Bangladesh [Бангладеш]

Добредојдовте во Бангладеш! Жител на Бангладеш му подава рака на ова Рохинџа семејство. Тие пешачеле 5 дена. #rohingya [Рохинџа]

Добредојдовте во Бангладеш! Доброволци од Бангладеш даваат вода и бисквити на Рохинџа бегалци штом ќе пристигнат. Добредојдовте бегалци.  #Rohingya [Рохинџа] #refugees [бегалци] #RefugeesWelcome [Добредојдовте бегалци]

Илјадници Рохинџа бегалци собрани во Кхангчур пара, во близина на границата со Бангладеш. Чекаат за влез. #Rohingya [Рохинџа] #refugees [бегалци] #Bangladesh [Бангладеш]

ПРИКАЗНИ НА ТРГОВЦИ СО ЛУЃЕ кои киднапираат рибарски бродови за да превезат Рохинџа бегалци. Овој тоне во близина на островот Шах Пир.  #Rohingya [Рохинџа]

И кога ќе пристигнат на страната на Бангладеш, Рохинџа бегалците се соочуваат со експлоатација од страна на непријателски настроени луѓе бидејќи за нив сè уште нема формални засолништа и помош:

Зошто Рохинџа бегалците мораат самите да си ги купуваат пластичните фолии? Зошто пазарот за овие работи е во подем? Каде се агенциите? #Rohingya [Рохинџа]

Познатиот фотограф и новинар Саифул Хук Оми исто така беше на границата и објавуваше фотографии и видеа на неговата страница на Фејсбук:

Во неодамнешна видео репортажа тој бара оф луѓето да заземат став против гонењето на Рохинџа муслиманите:

Thousands and thousands and thousands of people are coming. Look at the faces. Look how young they are. And I hope those who think they're nothing but terrorists, I hope you see this child. You see this old man and ask yourself how on earth you can be such a shame for humanity. This is what is happening on the border. Young child, infants, old man, old woman, and young men are fleeing their motherland and leaving behind the dead bodies of their beloved members of the family. Hardly managing any time to get their things packed […]

They will take this route all the way down the hills and all the way at least few more hours of walk[ing] before they can rest and maybe one kind villager will show up and offer them some food and some water.

Илјадници и илјадници и илјадници луѓе доаѓаат. Погледнете им ги лицата. Погледнете колку се млади. Се надевам дека оние кои мислат дека тие не се ништо друго освен терористи, се надевам дека ќе го видат детево. Видете го овој старец и запрашајте се како можете да бидете таков срам за човештвото. Ова е тоа што се случува на вашите граници. Мали деца, бебиња, старец, старица, и млади луѓе бегаат од нивната татковина и зад нив ги оставаат мртвите тела на нивните сакани членови на семејството. Едвај одвојуваат малку време да спакуваат некои работи […]

Тие ќе тргнат по овој пат сè до ридовите и ќе пешачат барем уште неколку часа пред да можат да се одморат и можеби ќе се појави некој милостив селанец кој ќе им понуди малку храна и вода.

Ресурсите се при крај, но добрите вести се дека владата на Бангладеш донесе одлука да отвори нов бегалски камп за најновиот бран на бегалци. Сепак, ќе треба некое време додека истиот се изгради.

Останува да видиме со што ќе се соочат Рохинџа бегалците наредните денови во нивната татковина Мјанмар или низ разните бегалски кампови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.