Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Појачени со мобилни телефони за да ви служат подобро

„Треба да му се јавиме на Нимаи да ја погледне електричната инсталација во кујната. Те молам оди и викни го.“ Во 90тите тоа би било мојата мајка кој му вика на татко ми да го викне електричарот од неговата куќа, за да дојде и да ја провери електричната инсталација. Не постоеше друг начин да се контактира Нимаи.

Денес, мојот електричар Барун има мобилен телефон со две SIM картички – тој ми вели дека едниот број е за неговиот шеф и продавницата за електроника која го ангажира, а вториот е за неговите „лични клиенти“ за кои компанијата не знае. Вториот бизнис се проширува, ме информираше тој со гордост, и наскоро нема да мора да работи за продавницата за електроника. Неговата фамилија, нормално, може да го контактира на било кој број.

Мобилната технологија и ниската цена на мобилните можности им овозможија на понудувачите на сервиси, како Барун, да нудат подобри сервиси и да го зголемат нивните бизниси. Приказната е слична насекаде низ земјите во развој. Коментар на читател на постот на Броуг Турнер, Во Пакистан прифаќањето на мобилните телефони станува лудо ја прикажува оваа реалност уште во 2005:

Уште еден фактор …беше претставувањето на режимот Calling Party Pays (Страната којашто се јавува плаќа) во крајот на 2000 и почетокот на 2001. Пред претставувањето на CPP, двете страни од телефонскиот повик и оној кој го воспоставува повикот и оној кој го прима плаќаа. Откако е во сила CPP, само оној што се јавува плаќа. Затоа трговците на мало и понудувачи на услуги, како водоводџии, поправачи на телевизори и електричари (чии сервиси секогаш се многу барани), закупија мобилна врска и беа достапни преку целиот ден.

Меѓутоа, влијанието на мобилните телефони не е веќе ограничено само на конекција. Тие прераснаа во алатка која овозможува фармерите, трговците на мало и понудувачите на услуги да донесуваат одлуки базирани на информација и со тоа да се движат кон нивен економски развој.

Од рибар во Керала кој ги следи цените на пазарот и преговара за најдобрите понуди за продажба на пленот од следниот ден, до фармери во Андра Падеш кои ги користат мобилните телефони како помош во бизнисот за да добијат корисни информации за развој на бизнисот, трговците на мало насекаде стануваат свесни за потенцијалот на мобилната технологија во подобрување на нивните животи. И тие не се единствени. Како што Мартине Копман истакнува на нејзиниот блог ICT4D (ИКТ за развој) во Замбија и Гана, приказната е слична на места како Гана. На едно патување со цел да се посетат фармерски заедници кои живеат 6км од Салага, таа забележува:

Сега откако ги видоа предностите на мобилните телефони секој од нив сака да поседува еден. Тие ги користат не само за да дојдат до информации за пазарот, туку и сите нивни приноси (компир, пченка, зеленчуци итн.) се во системот. Ако трговците го посетат селото тие имаат подобра позиција во преговарањето. Тие исто така имаат контакт со трговците од Акра и Кумаси преку телефон.

Покрај важната информација за бизнисот/пазарот, влијанието на мобилните телефони може да се осети кога зголеменото користење на мобилните помага да се подобри ефективната дистрибуција и намалување во трошоците за барање на информација, како и справување на разликите во цените низ локалните пазари, како што беше видено во во ова истражување направено во Нигерија.

Во сето ова, крајниот корисник исто така има корист. Ние ја добиваме придобивката на удобноста – од олеснувањето со имање на понудувач на сервиси достапен на повик со цел да се порача свеж плен од трговецот на риби на неговиот мобилен, па до користењето на виртуелниот пазар на нашите мобилни телефони за да се купат свежи производи директно од локалните фармери – и дополнително да уживаме во конкурентни цени на стоки и производи и услуги на подолг рок.

„Нимаи“, викна мајка ми, „земи си мобилен телефон. Во спротивно нареден пат го викам Барун“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.