- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Судењето на активист ќе продожи во ноември

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Политика, Слобода на говор, Човекови права

На неговиот профил на Фејсбук, активистот Жарко Трајаноски пиша [1] за неодамнешното рочиште од неговото судење [2] (започнато во 2010 година [3]):

„Процесот“ продолжи и без присуство на „храбриот“ тужител, со одбраната на обвинетиот. Неговиот застапник не знаеше каде е тужителот. А судот добил известување дека е иселен…

Žarko Trajanoski

Жарко Трајаноски

Трајаноски го објави и текстот на својата одбрана на неговиот блог [4] и на Окно.мк [5] изнесувајќи аргументи во своја одбрана. Во врска со наредните чекори, тој додаде на Фејсбук:

Па, во првата недела од ноември ќе продолжи процесот. Ќе гледаме видеа, ако дојде тужителот… Има уште една пикантерија. Судијката ме праша што значи зборот „шарлатан“. Ѝ реков дека следниот пат ќе донесам некој речник, па да видиме што значи 🙂