- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Австралија: Силна реакција против муслиманската облека

Категории: Океанија, Австралија, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Жени и род

Додека уживавме неколку дена надвор од блогосферата, избувна вознемирувачка дебата, пред сè околу костимите за пливање. Нема потреба да се погаѓа дека се вмешаа и мултикултурни тензии. Контроверзиите почнаа во предградие на Мелбурн:

Градоначалникот на ДАНДЕНОНГ ги повика жителите да се придружат на муслимански празник на којшто се приморани да се покријат.

Настанот, кој ќе се одржува на базенот Данденонг оаза, по официјалното отворање за јавноста, на 21 август, 2011, бара од сите учесници, постари од 10 години да се придржуваат до начинот на облекување, носејќи облека до должината на колената и маици.

Во очекување на настанот, мажи и жени, кои припаѓаат на различни вери, треба да си го покријат торзото , од горниот дел на рацете и од половината до колена.
Градоначалникот на Данденонг го брани кодексот на облекување [1]

Џули Џој Кларк од Се освен хумано (Anything but human) е загрижена за улогата на медиумите која ја зголеми реакцијата:

Место да се смири водата помеѓу различните верски групи, се подигна уште еден бран на незадоволство, поради лошото информирање од медиумите.

Можеби таа го имаше на ум весникот Хералд Сан (Herald Sun) од Мелбурн:

ПЛАН, да се присилат семејствата да се покријат за да се избегне навредување на муслиманите на јавен настан предизвика фуриозна дебата.

Огромно мнозинство од 94 проценти од читателите на heraldsun.com.au не се согласуваат со правното решение на општината која ја одобрува контроверзната забрана за време на следниот Рамазан.

Се чини дека си ги познаваат читателите. Првиот коментар (до сега се 773) за овој настан од Стиво од мелб (Stevo of melb) ја карактеризира негативната реакција:

така почна исламизацијата на австралиското општество. Наскоро ќе имаме барање за воспоставување на шеријатски судови, паралелно со австралискиот правен систем како што сега постои во Велика Британија. Јас сум целиот ЗА исполнување на правата или верувањата на другите народи, но крајната линија е прифаќањето на муслиманите дека дошле во неисламска земја и сè додека слободно си ја практикуваат својата вера, мора и да прифатат дека не може да биде исто како и во исламска.
Покриеност на настанот во текот на следниот Рамазан [2]

Добронамерното видување на Џули Џој:

…ако имате идеја како да се покриете додека пливате, за што сум сигурна дека не, очекувајте дека ќе имате илјадници часови за пливање.
Ненасловено [3]

И покрај овој совет, Ден Заремба (Dan Zaremba) од Австралискиот исламски монитор (Australian Islamist Monitor), „Исламот од друга страна“(Islam Under Scrutiny), ја изложува голата вистина:

Еднаквите можности за муслиманите значи ПОМАЛКУ еднакви можности за вас; ова значи дека делот од правото засновано на шеријатот, кој ги штити правата на немуслиманите веќе е имплементирано во Австралија.

И еве како Шеријатот се вовлече. Отпрвин полека, потоа забрзува и пред да се освестиме ги казнуваме немуслиманите што не ги следат правилата кои ни се наметнати од муслиманскиот ПАТ.
Нема разголување на базенот Оаза на Данденонг [4]

Очигледно еден член на Исламскиот совет на Викторија, Шерин Хасан (Shereen Hassan), изрази загриженост:

Ги ценам напорите на ИМКА (YMCA) за промовирање на добра волја меѓу муслиманите и немуслиманите. Мојата загриженост е во тоа што овој настан ќе причини нехармонија, која е евидентна последните неколку дена кај јавноста.

Сателитската телевизија на АБЦ (ABC) ја истражи оваа реакција, како и други прашања со Мет Фетрил (Matt Feutrill), шефот за дневната работа на ИМКА (YMCA), коспонзор на настанот.

ЏОЗЕФИНА КАФАЊА (JOSEPHINE CAFAGNA): Дали се вознемиривте од одговорот на јавноста?

МЕТ ФЕТРИЛ (MATT FEUTRILL): Вознемирени сме затоа што мислиме дека претставата на модерната Австралија и нашето прифаќање – нашето прифаќање, вклучување на мешаниот културен диверзитет на нашите заедници е важно. Знаеме дека имиграцијата во Австралија сè уште значи за нашата идна продуктивност. Знаеме и дека мора да продолжиме да бараме нови начини за заеднички соживот.
Одредени правилата за настанот на базенот [5] (Видео и превод)

Милси (Millsie) изнесува подолга анализа за користа од коментарите на блогот на радио-станицата. Тој се фокусира на лошата пракса [6] на Бла, Бла, Бла, анимацијата, стриповите и др. Го напаѓа однесувањето на еден коментатор кој објавил, „Не ми се верува во суровоста на овој народ. Јас сум Австралиец и се чувствувам како туѓинец во мојата сопствена земја”:

Суровост на луѓето кои објавуваат исламофобични коментари? Не, суровост на муслиманските жени кои очекуваат од луѓето да го прифатат нивниот начин на облекување на приватен настан.

Тој се прашува дали радио-станицата треба да биде одговорна:

Дали 3АВ (3AW) треба да се смета за одговорна за коментарите кои дозволила да бидат објавени на нејзината страница? Посебно оние кои се сметаат за навредливи.
Исламофобијата и злото на страницата за коментари на 3АВ (3AW) [7]

Последниот збор од Мет Фетрил (Мatt Feutrill):

Работевме само со женска пливачка група, во последните две години во градот Данденонг. Тоа е мулти-верска, мулти национална група со мешан хендикеп, во која жените сметаат дека им е пријатно да пливаат заедно. Овој Рамазан поради тоа што има и членови на муслиманската заедница другите почувствуваа дека ќе биде одлично заедничко искуство да се сподели славењето на Рамазан и тие сакаат да го прошират и идната година; тогаш би било единствено и за нивното пошироко семејство да се придружи на групата, луѓе со мешана вероисповед, мешана националност, да ужива во прославата на Рамазан.
Одредени правилата за настанот на базенот [5]

Авторот можеби ќе оди идната година за да ужива во нивната гостопримливост. Се надева дека ќе има топла вода затоа што е зима.

Фотографија на муслимански костим за капење од Фликр страницата на Фокстонг (Foxtongue [8]), користена под Криејтив комонс – Наведи извор лиценца 2.0.