Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување

Водичот за 2.0 застапување (Алатки за дигитално застапување) ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти – и другите кои сакаат да научат за оваа тематика – може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување. Претходниот водич (Блог за кауза!) се фокусираше на ефективно користење на блоговите како алатка за застапување, а овој водич ќе го истражува креативното користење на другите веб 2.0. апликации.

Нашата цел е:

  • Да направиме множество од веб 2.0 алатките за застапување
  • Да понудиме детални инструкции за нивно користење
  • Да ги нагласиме успешните експерименти на веб 2.0 активизам од дигитални активисти низ целиот свет.
  • Да ги инспирираме другите активисти да ги применуваат овие стратегии на начин коj ќе им одговара на нивните специфични потреби и цели.

Од „Гео-бомбирање“ до „мулти-блогирање“ и Твитер до „mash-ups“ (миксови), го истражуваме полето на дигитално застапување, помагајќи им на активистите да допрат до публика која претходно никогаш не успеале.

Гео-бомбардирање: YouTube + Google Earth

Гео-бомбардирање е една од техниките кои може да се искористат со цел да се постигне поуспешно распространување на вашите YouTube видео кампањи преку апликациите на Google за мапирање, како што се Google Maps и Google Earth. Сега може да ги гледате вашите гео-тагирани видеа во Google Earth и Google Maps. Секое YouTube видео со гео-таг ќе биде прикажано кога YouTube слојот од Google Earth/Maps е вклучен. [прочитај повеќе]
Вкрстено објавување за застапување

Овој водич нуди краток вовед во користење на вкрстеното објавување при водење на онлајн кампања за застапување на некоја кауза. Во него се разгледуваат различни веб 2.0 алатки, прикажувајќи успешни примери каде вкрстеното објавување е користено за застапување. Водичот исто така ги содржи предностите и недостатоците на техниката на вкрстено објавување. [прочитај повеќе]
SEO совети за блогери за застапување

Целта на овој водич е да објасни што е оптимизација за пребарувачи, важноста од истата и како блогерите за застапување може да ја користат за да ја зголемат посетеноста и читаноста на нивните блогови и да влијаат врз мислењето на оние кои ги користат пребарувачите. [прочитај повеќе]

4 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.