Гео-бомбардирање (географско бомбардирање) е една од техниките кои може да се искористат со цел да се постигне поуспешно распространување на вашите YouTube видео кампањи преку апликациите на Google за мапирање, како што се Google Maps и Google Earth. Сега може да ги гледате вашите гео-тагирани видеа во Google Earth и Google Maps. Секое YouTube видео со гео-таг ќе биде прикажано кога YouTube слојот од Google Earth/Maps е вклучен.
Еве што треба да знаете за да може да ја искористите максимално оваа моќна техника.
1 – Како да направите гео-тагирање на вашето видео:
За време на процесот на поставувањето на видео на YouTube, може да додадете гео-таг на вашето видео со локација:
Откако е зачувана локацијата и видеото е поставено, тоа ќе се појави во Google Earth.
2 – Како да прикажете гео-тагирано YouTube видео во Google Earth?
За да го активирате YouTube слојот во Google Earth, треба да го отворите менито „Layers (слоеви)“, од левата страна на Google Earth. Со прикажување од нодот „Gallery (галерија)“ од дрвото на слоевите, ќе се прикаже слојот YouTube. Откако ќе го селектирате YouTube слојот ќе се прикажат сите YouTube икони од целиот свет.
Успешно користење на техниката за гео-бомбардирање
Оваа техника е користена од страна на активист од Тунис, од колективниот блог Nawaat.org за да поврзе десетици видеа со изјави од тунизиски политички затвореници и бранители на човекови права со локацијата на тунизиската претседателска палата на Google Earth. Сега кога ќе дојдете над тунизиската претседателка палата на Google Earth ќе ја видите покриена со истите оние видеа за граѓанска слобода, кои Бен Али се обидуваше да ги сокрие од тунизиските нетизени со блокирање на двата веб сајта за споделување на видеа, Youtube и DailyMotion.
Погледнете ја положбата на тунизиската претседателска палата на Google Earth: Може да го преземете овој kmz документ (Keyhole Markup Zip), кој ќе го започне Google Earth и веднаш ќе ве позиционира до Картиџ претседателската палата.
Рецензии
Тунизиските активисти и нивните сојузници организираа „дигитално позиционирање“, поврзаа десетина видеа за цивилна слобода за сликата на претседателската палата на Google Earth. Тие ја претворија воздржаната сторија за човекови права во модерна глобална кампања.
Економист – Власта може да ги затвори блогерите. Потешко е да ги надмудри.
Зачудувачки е колку ретко досега имало бомбардирање со Google Earth, земајќи во предвид колку е популарна апликацијата (…) Време е да се дефинира „гео-бомбардирањето со Google“ или „ Google Earth бомбардирањето“, тогаш (…) дури и дефиницијата да не е доволно јасна, нема сомневање дека гео-бомбардирањето со Google е одлична, евтина промоција на герилците.
Ogle Earth – Google Earth бомбардирање за слободен Тунис
Онлајн кампањата не само што го заобиколува и исмејува режимот за забрана на сајтовите за споделување на видео, туку допира и до странците кои можеби не се свесни за злоупотребите во Тунис. За првпат, виртуелните туристи на Тунис може да ја видат темната страна на историските локации и прекрасните плажи.
C.R.I.M.E Report – Виртуелна позиција на тунизиската претседателска палата
Погледнете ги другите наши водичи за 2.0 застапување:
Вкрстено објавување за застапување
Овој водич нуди краток вовед во користење на вкрстеното објавување при водење на онлајн кампања за застапување на некоја кауза. Во него се разгледуваат различни веб 2.0 алатки, прикажувајќи успешни примери каде вкрстеното објавување е користено за застапување. Водичот исто така ги содржи предностите и недостатоците на техниката на вкрстено објавување. [прочитај повеќе]
2 коментари