Јужна Кореја е озогласена по нејзиниот високо компетитивен и исцрпувачки образовен систем, кој ги принудува малите деца да учат од рано наутро до доцна навечер. Официјалниот училишен ден трае од 8 часот наутро, до 16 часот попладне, но учениците обично ги напуштаат училниците за да заминат во „хагвони“, приватни институции за подучување, каде продолжуваат со учењето до доцна навечер (и понекогаш дури и до раните утрински часови).
Кон средината на август, јужнокорејската покраина Gyeonggi одлучи да го одложи почетокот на училишниот ден за еден час, надевајќи се дека со тоа ќе им овозможи на децата повеќе сон. Овој нов „систем за доцно започнување од 9 часот“ испровоцира национална дебата, и неколку други покраини сега земаат предвид слични полиси.
Одзивот онлајн е поделен. Некои Корејци велат дека „реформата“ само ги враќа училишните часови кои биле на сила порано. Други пак, ги изразија своите грижи, дека фанатичните родители ќе успеат да најдат нови начини да го злоупотребат новиот систем, најверојатно со наоѓање на нови тутори во раните утрински часови.
9시 등교 논란은 고속도로에서 100km/h 지키자는 사람한테 과속하던 운전자들이 미쳤냐고 따지는 꼴
— 알이z웰! 스카이콩콩 (@FugioErgoSum) 26 август, 2014
Оние луѓе кои го нарекуваат системот за доцно започнување од 9 часот контроверзија — тоа е како, кога ќе видите возачи кои возат со преку 100км/час на автопатот како ги критикуваат нормалните кои возат според лимитот, под 100км/час, и ги нарекуваат НИВ луди.
Двeте објави подолу привлекоа повеќе од 1,300 ретвитови.
개소름인게 9시 등교한다니까 그럼 애들 학습 능률 떨어진다고 7시 전에 깨워서 한시간 두시간동안 구몬 학습지 같은거 풀게할거라고 아줌마들이 웃으며 밖에서 이야기하고 있음 미친 것 같다…
— 십만온 가고싶다 공삼 (@roree03_u) 16 август, 2014
Тоа што ме наежува се муабетите на типичниве мајки околу системот за доцно започнување од 9 часот. Ги наслушнав како зборуваат, со кикотење, дека доцниот старт би можел да го поткопа ефективното учење. Сега ќе ги будат децата пред 7 часот и ќе ги тераат да работат на нивните подготвителни учебници или нешто слично. Тие се луди.
의외로 9시등교를 안달가워하는 애들이 많더라구요.. 늦게 시작해서 늦게 끝나면 안그래도 모자라는 개인시간이 더 부족해지니까. 주5일제 시행할때는 수업시수를 맞추느라 방학을 줄였고, 정말 필요한건 과한 수업시수를 줄이는 거라고 생각하는데ㅋㅋㅋ
— 브라운하엘 (@HAPPY_LOVEGAZER) 20 август, 2014
Всушност има многу деца кои се спротивставуваат на системот од 9 часот, бидејќи е веројатно дека ќе ги продолжи училишните часови до подоцна, одземајќи од веќе лимитираното слободно време на учениците. Кога училиштата се префрлија од 6 дневна училишна недела на 5 дневна, на пример, се намали времето за одмор, бидејќи остана висок бројот на задолжителните училишни денови. Вкупниот број на задолжителни училишни денови е тоа што треба да се намали.
Контроверзноста околу доцниот почеток, се разбира, не е целосно околу добросостојбата на учениците. Многу од грижите имаат повеќе врска со распоредот на работа на родителите отколку учењето на децата. Всушност, според една анкета, преку 73 проценти од учениците ја одобруваат оваа промена, додека само 56 проценти од родителите го мислат истото.
9시 등교를 하게 되면 맞벌이 부부가 곤란하다는 건 알겠는데 뉴스 인터뷰에서 ‘맞벌이라 반대'라고 말하는 엄마를 보자 난감한 느낌. 일찍 등교해야 하는 아이를 위해 보완책을 세워 달라든가 요구를 해야지 자신의 사정 때문에 ‘반대'라니 이상하지 않나
— 살 빼야 날으는 원더우먼 (@artemizhb) 18 август, 2014
Целосно разбирам дека двајца вработени родители имаат потешкотии со навикнување на новиот систем за започнување од 9 часот. Но, останав малку вчудоневиден, гледајќи мајка на утринските вести која им кажуваше на новинарите дека е против новиот систем „бидејќи таа работи“. Таа би можела да бара од училиштата да најдат активности за децата пред почетокот на училишниот ден, но да се спротивставува на новиот систем само поради тоа што и било неповолно е смешно.