
Црквата Св. Кузман и Дамјан во Примостие. Адреса: ул. Леона Поземского бр. 7, Псков. Датум: 2010. Извор: Ostrogolovy, од Википедија на руски, сопственикот на авторски права доброволно се откажал преку лиценцата Creative Commons CC0 1.0.
Руските власти и Руската православна црква, која изразува целосна поддршка за руската целосна инвазија на Украина и продолжува да го прави тоа, го присвоија традиционалниот псковски стил на православни икони во поддршка на војната во Украина.
Во текот на пролетта 2026 година, гувернерот на Псковската Област напиша на својот канал на Телеграм дека двајца војници кои загинале во борба за време на руската агресија во Украина се прикажани како икони, кои се изложени во една од познатите псковски цркви.
Двајцата падобранци прикажани на иконите биле професионални војници од 76-та руска воздушна ударна дивизија, со седиште во Псков. И двајцата учествувале во војната против Украина од првиот ден и таму загинале во 2023 година.
Иконите биле донирани од градски општински заменик на црквата „Свети Кузман и Дамјан од Примостие“. Тоа е една од најстарите цркви во Псков, која се наоѓа спроти Псковскиот Кремљ. Основана во 1462 година, таа е културно наследство од федерално значење и е дел од ансамблот „Цркви на псковската архитектонската школа“, кој е запишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2019 година.
Иконите се насликани во традиционален псковски стил, кој е опишан во Енциклопедијата „Британика“:
„Во текот на 13-тиот и почетокот на 14-тиот век… Псков усовршил исклучително силен стил на иконопис кој до крајот на својот развој комбинирал извонредно вешт израз со донекаде архаичен, дури и наивен начин на претставување…“

Пример за фреска од уметничката школа Псков. непознат сликар XII век. Слика преку Wikipedia Commons. јавен домен.
Двете новонасликани икони го прикажуваат Свети Никола Можајски како главна фигура, а војник кој загинал додека учествувал во руската агресија против Украина е исто така прикажан како помала фигура пред неговите нозе. На другата, Свети Рустик Париски се појавува над друг убиен руски војник.

Дел од новата икона прикажува фигура на руски војник кој загинал за време на целосната инвазија на Украина што започнала во февруари 2022 година. Слика од екранот на видеото од Телеграм каналот на гувернерот на Псковската област. Фер употреба.
Како што објаснуваат експертите на Радио Свобода, ова следи стара православна традиција во која дарители, војници или други обични луѓе можеле да бидат прикажани како се молат пред светец без самите да бидат претставени како светци. Но, главното прашање тука е политичкото значење што го имаат денес. Руската православна црква (РПЦ) силно ја поддржува војната, а овие слики ги сместуваат специфичните војници кои се бореле во Украина во рамките на светиот простор на традиционалната православна уметност од псковската школа за икони.
На овој начин, традиционалното псковско иконописство се присвојува за потребите на државната воена пропаганда. Војниците не се официјално прогласени за светци, но на нивната смрт ѝ се придава свето значење. Традиционалниот псковски православен визуелен јазик на молитва и верско сеќавање се користи за да се прикаже војната на Русија како морално и духовно оправдана.
Треба да се напомене дека Псков, во времето кога се појавила оваа уметничка школа, не бил под власта на Москва. Како што наведува „Британика“: „Во 1510 година, откако ја освоила поголемиот дел од централна Русија, Москва го припоила Псков кон растечката национална држава“.
Пред тоа, Псковската Република била град-држава во северозападна Русија, која во 1348 година извојувала формална независност од Новгородската Република.






