- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: Повик за поднесување на видеа за натпреварот за демократија

Категории: Источна Азија, Источна и Централна Европа, Латинска Америка, Среден Исток и Западна Африка, Бразил, Иран, Полска, Филипини, Уметност и култура, Филм

Пред два месеци, го објавивме постот [1] со победниците од Натпреварот за демократија 2009 со нивните видеа, во кои учесниците му кажуваат на светот што значи демократијата за нив. Моментално овие победници се на двонеделно патување низ САД, посетувајќи го Вашингтон, Њујорк и Холивуд, а во меѓувреме Државниот секретаријат веќе го објави Видео натпреварот за демократија 2010 [2].

Правилата [3] се многу слични како оние од минатата година. Всушност, треба да поднесете видео кое е пократко од 3 минути, во кое се дополнува фразата „Демократија е…“. Видеото треба да биде или на англиски јазик или да има англиски титлови, може да биде во било кој стил: анимиран или акција во живо, документарец или фиктивен. Крајниот рок за доставување на видеата е 31 јануари 2010, по кој процесот на избор ќе вклучува гласање од заедницата се додека 6 натпреварувачи од 6 земји не се изберат и тие ќе бидат оние кои ќе патуваат во САД за да дискутираат со луѓе од владата и медиумите.

Следува видео [4]кое тие го направија за да го промовираат натпреварот:

Натпреварот е соработка помеѓу YouTube, Државниот секретаријат и други партнери, а повеќе детали околу спецификациите за поднесување на видео може да се најдат на на YouTube каналот на Државниот секретаријат [5]со кликнување на „Important Details (Важни детали)“.

На YouTube блогот може да видите клип од појавувањето на телевизија на победниците од 2009та [6], а доколку сакате да дознаете нешто повеќе за победниците, 4ца од нив објавија видеа во кои се претставуваат себеси.

Аиса Панафил [7] од Филипини:

Робин Хамиди [8]од Иран:

Ана Исраел [9]од Бразил:

И Луказ Созда [10] од Полска:

Ви треба инспирација за да учествувате? Погледнете ги победниците од 2009 година. [11]