Дали знаевте дека повеќето глуви луѓе го сметаат јазикот со знаци за нивен прв јазик, а јазикот за пишувањето за нивен втор? Јас не знаев, но благодарение на илјадниците видеа поставени од членови на заедниците на глуви луѓе од целиот свет, научив за ова и за други прашања со кои не бев запознаена. Интернационалната недела за подигнување на свеста за глувите се случува во последната недела од септември, па затоа за време на оваа недела ќе прикажуваме видеа од и за заедниците на глуви од целиот свет и се надеваме дека следниве видеа ќе бидат одличен почеток за ваше запознавање за оваа состојба и оние кои живеат со неа.
Ова видео доаѓа од Манос Куентера (раце кои раскажуваат приказна) од Аргентина. Тие го искористуваат националниот ден на глувите во Аргентина за да и раскажат на својата публика на аргентински знаковен јазик и шпански титлови дека тие наскоро ќе издадат книги со приказни на знаковен јазик за глувите деца. Во делот за коментари на овој шпански телевизиски клип, кој прикажува група од луѓе кои преведуваат бестселери и класици како Хари Потер, Ромео и Јулија и други книги на шпански знаковен јазик, ЈуТјуб корисниците објаснуваат како глувите луѓе имаат проблеми со читање, бидејќи користениот јазик не е сличен на јазикот кој тие го користат секојдневно за комуникација.
Јазикот со знаци не е универзален и зависи од говорниот јазик. Повеќето земји имаат свои адаптации и понекогаш, како што е случајот со Велика Британија и САД, знаковните јазици се комплетно различни, иако двете земји имаат ист говорен јазик. Повеќе информации за користење знаци може да најдете тука, а на ова видео, ЈуТјуб корисникот мергфкт, ни раскажува на англиски за историјата на АЗЈ (американскиот знаковен јазик) и генерално за заедницата на глуви луѓе.
1 коментар