Четврток, 18ти септември, Шкотска се соочува со најголемото демократско гласање во историјата на оваа држава – референдумот за независност [1]. Доколку мнозинството од гласачкото тело се изјасни со ‘да’ на прашањето „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“, нацијата, која во моментов е дел од унијата на Обединетото Кралство, ќе стане независна држава.
Дебата започна во 2011 со започнувањето на кампањите Да за Шкотска [2], кампањата за независност, и кампањата за останување во унијата, Подобри Заедно [3]. Анкетите [4], кои пред една година покажуваа ниски 32 проценти за „Да“ за независност, со 49 проценти од нив за останување во унијата и 19 проценти неопределени, за првпат ја ставија „Да“ кампањата во водство на 12ти септември 2014, so 49 проценти кои ја претпочитаат независноста, 42 проценти против, и само 9 проценти неопределени.
Ова беа жешки кампањи, често прикажани како граѓанските иницијативи на „Да“ камповите наспроти ставовите за унијата фаворизирани од водечки партии на Обединетото Кралство. Сепак, со ветувања за поправедно, поеднакво општество, пишан устав (Велика Британија нема таков), нуклеарно разоружување, и про-имиграциски став, кампањата „Да“ имаше силна поддршка од Шкотската зелена партија, Социјалистичката партија, а предводеше Шкотската национална партија, која моментално го држи мнозинството во шкотскиот парламент.
Во меѓувреме, активистите за независност успеаја да ги освојат срцата и имагинацијата на многу Шкотски гласачи на начин на кој камповите за останување во унијата не можеа. Црпејќи инспирација од оние што се сметаат за поправедни и попросперитетни нордиски држави, со висок степен на демократска партиципација, многумина во Шкотска се инволвираа во кампањата на нејзините најосновни нивоа.
Кампањата Подобри заедно, преименувана од нејзините критичари „Огорчени заедно“, ги нагласува економските несигурности, потенцијалните зголемувања на трошоци во преработката на нафта и храна, прашањата за валутата, како и потенцијалното членство на Шкотска во ЕУ како независна држава. Многу големи банки [5] и компании [6] се заканија дека, доколку Шкотска стане независна, ќе размислуваат за релоцирање на нивните главни канцеларии во Англија, и предупредија за можните економски импликации од таквиот потег.
Тешко е во една реченица да се изнесат аргументите презентирани од двете страни. Има, сепак, две огромни достигнувања од кампањите кои вредат да се споменат. Првин, дебатата за потенцијалното раскинување на 300-годишната унија, гласање од историско значење, се одвиваше без ниту еден чин на насилство. Најлошите пријавени инциденти беа мавањето со јајца по политичарот Џим Марфи кој ја поддржува унијата [7] од страна на протестанти за „Да“ кампањата и цртање со графити по главниот штаб на „Да“ кампањата [8] во Единбург со „Не благодарам“ и нацистички симболи. Многу домаќинства, семејства и канцеларии станаа поларизирани по нивните ставови за независноста, но обединети во нивниот придонес за дебатата и во очигледната желба за подобар исход на Шкотска.
Уште нешто што треба да се спомне е неверојатно големото учество на јавноста во дебатата. Твитер и Фејсбук се преплавени со вжештени дискусии, со #indyref [9] хаштагот споменат преку 2.6 милиони пати [10] во само изминатите 30 дена. Исто така има и рекорден број на луѓе кои се регистрираат да гласаат, со проценки кои велат дека [11] и до речиси 97 проценти од оние кои ги исполнуваат условите за гласање, се регистрирале. Имаше неброени маршови, блогови, кампањски и културни настани, говори, кругови за дискусија и друго. Овие фотографии собрани на Твитер ни даваат увид во возбудливите настани кои Шкотска ги искуси во изминативе две и пол години .
Улична светилка во Северен Квинсфери. pic.twitter.com/79RGJo5Hpl [12]
— Дејвид Грег (@DavieGreig) 16 септември, 2014 [13]
Улична светилка во Северен Квинсфери. pic.twitter.com/79RGJo5Hpl [12]
— Дејвид Грег (@DavieGreig) 16 септември, 2014 [13]
.@scotgp [14] кампања за гласање Да на Лит плоштадот во Единбург #indyref [9] pic.twitter.com/n8Tq7Pt2TH [15]
— Фиона Винчестер (@FiWinchester) 16 септември, 2014 [16]
@scotgp [14] кампања за гласање Да на Лит плоштадот во Единбург #indyref [9] pic.twitter.com/n8Tq7Pt2TH [15]
— Фиона Винчестер (@FiWinchester) 16 септември, 2014 [16]
Го обожавам овој жител на Портобело кој се потрудил да сподели со неговите соседи зошто тој е #неблагодарам [17] pic.twitter.com/ooHe25ZVHA [18]
— Кезиа Дугдејл (@kdugdalemsp) 16 септември, 2014 [19]
Го обожавам овој жител на Портобело кој се потрудил да сподели со неговите соседи зошто тој е #неблагодарам [17] pic.twitter.com/ooHe25ZVHA [18]
— Кезиа Дугдејл (@kdugdalemsp) 16 септември, 2014 [19]
Прекрасен сончев ден во Глазгов за #НеЗаТруд [20] да бидат тука. На Обединетото Кралство му треба Шкотска. Ајде да останеме заедно #подобризаедно [21] pic.twitter.com/4P46vlzAc5 [22]
— Кеј Хои МП (@hoeykateMP) 11 септември, 2014 [23]
Прекрасен сончев ден во Глазгов за #НеЗаТруд [20] да бидат тука. На Обединетото Кралство му треба Шкотска. Ајде да останеме заедно #подобризаедно [21] pic.twitter.com/4P46vlzAc5 [22]
— Кеј Хои МП (@hoeykateMP) 11 септември, 2014 [23]
Ова започна со твитовите на еден тип, ајде да имаме митинг во вторник. Обични луѓе после работа. Огромно е! pic.twitter.com/0ay2SbCic4 [24]
— Дон (@Dawnf1) 16 септември, 2014 [25]
Ова започна со твитовите на еден тип, ајде да имаме митинг во вторник. Обични луѓе после работа. Огромно е! pic.twitter.com/0ay2SbCic4 [24]
— Дон (@Dawnf1) 16 септември, 2014 [25]
Дали Шкотланѓаните ќе гласаат со Да или Не? Резултатите од референдумот ќе бидат објавени до 7 часот утре изутрина.