Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Активисти јавно го прекинаа постот и се здобија со казна

За време на светиот месец Рамазан, муслиманите се воздржуваат од јадење и пиење (меѓу другото) од изгрејсонце до зајдисонце. Во некои земји, не е прифатено од општеството – ако не е дури и нелегално – да се јаде на јавно место во тој период. На пример, неодамна во Египет беа уапсени неколку муслимани затоа што одлучиле да не постат.

Кратко време по објавувањето на приказната, група марокански активисти беа казнети за прекинување на постот на јавно место, дејство што е казниво според мароканскиот кривичен законик. The View From Fez пишува:

Maghreb Arabe Presse во понеделникот објави дека локалните власти „успеаја да спречат митинг кој требаше да биде проследен со јавен прекин на постот за укинување на една одредба од кривичниот законик“.

Мароканските весници го потврдија во нивните изданија од вторникот овој неуспешен обид за јавен собир на луѓето кои одлучиле да не постат во Мoхамедија.

Ова е прв пат во Мароко една група луѓе кои решиле да не постат да се појави во јавноста барајќи го правото да не го практикува Рамазан, забележуваат набљудувачите.

Протестантите од Мохамедија бараат укинување на мароканскиот закон со кој се казнува секој Мароканец кој отворено ќе ги прекрши постите на Рамазан пред Ифтар, оброкот на крајот на денот.

Без да изрази согласност со акциите на протестантите, популарниот блогер Larbi ја фали нивната храброст:

Sans préjuger de leur cause il faut reconnaître aux quelques personnes qui se sont déplacés une certaine forme de courage. L’article 222 du Code pénal marocain stipule que tout individu connu pour son appartenance à l’Islam qui rompt ostensiblement le jeûne dans un lieu public pendant le Ramadan est passible de un à six mois d’emprisonnement et d’une amende.

Без да имаме предрасуди за нивната кауза, треба им признаеме одреден вид на храброст на луѓето што се раздвижија. Според член 222 од мароканскиот кривичен законик, секој припадник на исламот кој отворено ќе го прекине постот за време на Рамазан може да добие казна од шест месеци затвор, како и парична казна.

Не сите што оставија коментари на постот се согласуваат дека акциите на протестантите беа храбри. Всушност, најголемиот дел од нив мислеа дека групата немала право.

Еден блогер, Bouchra, ги споредува протестантите со активистите кои дејствуваат седејќи мирно во својот дом.

Треба да ја пренасочат оваа енергија и труд во конструктивна работа, придонесувајќи за развојот на нашата земја, наместо да преземаат ГЛУПАВИ акции како оваа. Излезете и НАПРАВЕТЕ нешто добро за вашата земја, наместо да наоѓате само маани. Тие гледаат кабловска, седат на интернет и мислат дека знаат сè… ПОРАСНЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ и БИДЕТЕ ВИСТИНСКИ ГРАЃАНИ!

Друг посетител на страницата, casazone, ја истакнува потенцијална дволичност во редовите на протестантите, алудирајќи на еколошките проблеми на Мароко со загадувањето:

Il est “fort probable” que la plupart des manifestants qui ont mangé le sandwich Ont jeté le reste (papier, aliments, os, ..etc) sur la voie publique.

„Многу е веројатно“ дека најголемиот дел на демонстрантите кои јаделе сендвичи, ги фрлиле остатоците (хартија, храна, коски итн…) на улица.

Entre Nous Marocains смета дека преку протестот се изразува непочитување на исламот, велејќи:

« Il y a cinq piliers dans l’islam, il faut pas punir seulement la violation du Ramadan, la loi ne punit pas ceux qui ne prient pas toute l’année ou ceux qui ne vont pas à la Mecque » précise Zineb El Razhoui. A notre tour on répond : Personne ne vous oblige d’être musulmane, mais on vous oblige de respecter les musulmans.

Исламот има пет столбови и не треба да се казнува само прекршувањето на Рамазан. Законот не ги казнуваа оние што не се молат секогаш или што не одат во Мека, вели Зинеб Ел Разури. Што се однесува до нас, ние ќе одговориме: Никој не ве тера со сила да бидете муслимани, но вие морате да ги почитувате муслиманите.

Еден блогер, кој се нарекува себеси Etonnée (Зачуден) е збунет од храброста прикажана од групата и вели:

Je sens de la manipulation,
Si vous n'avez pas envie de jeûner, ne le faites pas, vous n'êtes pas obligés de le faire, tout est question de conviction, Dieu n'en sera pas dérangé, des milliards d'autres le font, que sont quelques dizaines à ne pas le faire !!!! Mais une autre question me vient à l'esprit, pourquoi montrer votre refus en public et maintenant ????
Vous demandez le respect de votre liberté en bafouant celle des autres ???

Мислам дека станува збор за манипулација. Ако не сакате да постите, немојте. Не сте обврзани да постите, сè е прашање на убедување… и Господ нема да е вознемирен, милијарда други постат, има само десетина кои не го прават тоа!!! Но друго прашање ми доаѓа на ум, зошто баш сега јавно го покажувате вашето одбивање??? Барате почитување на вашата слобода нарушувајќи ја слободата на другите???

Во опозицијата имаше неколку коментари кои изразуваа поддршка на протестантите. Еден таков коментар, оставен на Morocco Board, беше глас на поддршка:

Чекајте малку, овие луѓе се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста кон еден закон кој ја нарушува личната слобода. Мислам дека не го прават тоа само за да ѝ пркосат на муслиманската заедница. Ако прифатиме секој што ќе биде виден како јаде пред паузата да биде пријавен на власите, следната работа што би се направила е да се наметнат петте молитви на ден. Видете, Мароканците треба да созреат малку. Не е важно само дали вашиот сосед ќе споделува со вас рајски девици. Слободно живеење, сега и тука, тоа е приоритет.

Постењето и молењето, или други религиозни ритуали се приватни работи во кои не треба да се меша државата. Можеби улемите треба да имаат тркалезна маса за барови кои чудесно исчезнуваат на Рамазан, па се отвораат покасно, да зборуваат за дволичност. Или пак да дискутираат за улогата на државата во намалувањето на сиромаштијата и проституцијата како должност на секој муслиман кој треба да дава милостина за да ѝ помогне на оваа класа која е се побројна во Мароко. Давање на милостина за да се намали сиромаштија, е тоа би било нешто со што би можеле да се гордееме што сме муслимани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.