- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Одгласи од Балканот

Категории: Источна и Централна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Бугарија, Македонија, Сирија, Србија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи

Македонската непрофитна организација Диверзити Медиа Прокашн објави напис/поткаст (на македонски [1]и албански [2]) за реакции на ситуацијата во Сирија во некои балкански држави, презентирајќи и изјава од авторот на Глобал војсис Руслан Трад [3] и македонскиот политичар Стојан Андов [4] (википедија: en [5], mk [6]), кој служел како југословенски амбасадор во Ирак од 1987 до 1991 г.

Според написот, додека Србија организирала специјален лет за да ги евакуира своите граѓани, на прашањето за државјаните на РМ портпаролот во МНР Борче Стамов само изјавил: „Најголем дел од странците заминале од Сирија, па веројатно меѓу нив има и Македонци“.