- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Кореја: Цензурата на поп-музиката наиде на големо противење

Категории: Источна Азија, Јужна Кореја, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Младина, Музика, Протест, Слобода на говор, Уметност и култура

Општеството во Јужна Кореја е полно со гнев поради владината забрана на многубројни популарни песни. Повеќе од 2600 песни [1] се забранети во изминатите две години откако беа означени како „штетна медиумска содржина“ од страна на корејското Министерство за родова еднаквост и семејство.

Повеќето пејачи немаа избор освен да ја прифатат одлуката и да ги прилагодат нивните стихови со цел да ги пресретнат стандардите на владата. Една продуцентска агенција, поднесе тужба против владата која сметаше дека албумот на нивниот пејач е „несоодветен за младите“ и на 24 август, 2011 година го доби случајот. Одлуката беше добро пречекана од страна на Јужнокорејците кои изразија фрустрација поради владината регулација на нивните омилени песни.

„Несоодветна содржина”

Image of censorship. Created by user tefan-Xp, Wikipedia Commons (CC BY NC 3.0). [2]

Слика на цензура. Создадена од корисникот tefan-Xp, Wikipedia Commons (CC BY NC 3.0).

Кога една песна е ставена на црната листа забрането е да се емитува во одредено време и да се продава на деца кои имаат под 19 години. Овој месец, 24 песни се забранети како резултат на споменување на алкохол – само оваа година се забранети 160.

Примери од проблематичните стихови идентификувани од страна на Министерството вклучуваат: „Пијан од алкохол за да не ми недостигаш“ и „Доколку заспиеш пијан, сонуваш“ (стихови од албумот на Балад), и „Откако испив многу соџу [корејски алкохол] вчера” (песна на рок бендот Jang Kiha and Faces).

Откако стиховите на бендот момчиња B2st „Мора да сум пијан. Мислам дека мора да престанам да пијам“ беа забранети, еден член на групата објави [3] на Твитер „Можеби ќе морам да пеам само детски песни“.

И јужнокорејските музичари и општата јавност силно ја критикуваа забраната како рестрикција на слободата на изразување на писателите. Владата сметаше дека им се потребни правила за да ги заштитат младите луѓе од негативните културни влијанија.

Блогерот Kwon Tae-woo истакнува [4] дека стиховите на забранетите песни се ништо во споредба со другите непристојни и насилни содржини достапни онлајн:

정말 한심하다. 인터넷 시대에 무슨 가사에 술이 들어 갔다고 노래를 금지시키나? 컴퓨터만 켜면 그보다 더한 내용과 장면들을 얼마든지 접할 수 있는 것을… 왜 아예 인터넷을 '19금’ 으로 하지? […] 겨우 가요가사나 심의하려고 1년에 2194억원(2011년 기준)의 예산을 쓴단 말인가?[…]노래 가사에 술이 들어가면 청소년들이 음주를 한다? 진정 대한민국 청소년들을 단순한 존재로 보고 있구만. 차라리 가출 청소년들에게나 신경을 써라!

Ова е жално. Живееме во ерата на интернет а тие забрануваат песни поради споменувањето на алкохол? Секој може да пристапи до хардкор работи онлајн… Зошто едноставно не го блокирате интернетот, прогласувајќи го за несоодветен за деца помлади од 19 години. […] Тие потрошија околу 21 милјарди 940 милиони корејски вон (приближно околу 200 милиони американски долари) владини пари оваа година поради цензура на овие песни! [Ова се однесува на годишниот буџет на Министерството, не на целосната сума на пари потрошени само на цензура] Дали песните исклучително за алкохол ги поттикнуваат децата да пијат алкохол? Децата не се толку едноставни. Зошто вие, Министерството, не се фокусирате на згрижување на децата бегалци наместо ова што го правите?

Инструктор по корејски јазик во Канада, (@dragoncj [5]) објави [6] на Твитер:

술이란 단어가 들어가 유해물 판정을 내릴거면 그냥 술 생산과 판매를 중지해야지 왜 애먼 좋은 노래들만 잡나? 그거 들으면 애들이 취하나? 참 알 수없는 잣대와 논리로세.

[Доколку Министерството беше навистина сериозно во врска со проблемот на малолетнички алкохолизам] Можеа да го задржат целосното производство и дистрибуција на алкохол (за деца), наместо да забрануваат безопасни песни. Дали децата ќе се опијанат само поради тоа што ги слушале овие песни? Нивната логика и процес на евалуација се смешни.

Недостаток на директиви

Корејската јавност исто така го обвини Министерството за нејасни стандарди и непостојаност во цензурирањето на музика. Додека споменатите песни беа категоризирани како „штетни“ поради споменување на пиење, „Празна чаша“ на Nam-jin и „Чаша соџу“ на Lim Chang-jung, чија главна тема е алкохолот, ја избегнаа регулацијата [7].

Овие непостојаности предизвикаа граѓаните да објавуваат жалби на веб-сајтот на Министерството, до таа мерка што поради голем сообраќај сајтот се сруши на неколку часа на 25 август, 2011 година.

Многубројни корисници на интернет, имитирајќи како Министерството стави забрана на културните содржини, објавија смешни пораки со кои бараат да се забранат случајни предмети. Некои примери велеа [8]: „Забранете ги сладоледите, бидејќи процесот на јадење/лижење на сладоледот евоцира навистина еротска слика“, „Забранете ги Apple (компанијата за електроника), бидејќи нивното лого ги потсеќа луѓето на задникот на жената“, и „Забранете ги УСБињата [9], бидејќи ставањето во компјутер ме потсеќа на сексуален чин.“

Choi Ji-wong, откако го детализираше појавувањето на алкохол во високо ценети корејски литературни дела,  побара [10] Министерството да ги третира поп песните како слични уметнички дела:

[…]문학 작품 속에 등장하는 술입니다. 중고등학생들이 깊이있게 감상하는 작품들이지요. 묻겠습니다. ‘유해’합니까? 부탁합니다. 예술은 예술로 봐 주십시오.

[…] Ова е појавување на алкохол во корејската литература. Овие литературни дела се проучувани и темелно разгледувани од основците и средношколците. Ве