По поддршката за геј бракови од страна на претседателот на САД, Барак Обама, Мариела Кастро, ќерката на кубанскиот претседател Раул Кастро и директорка на Државниот центар за сексуално образование, ги посети САД. За време на нејзината посета таа им се обрати на активистите за геј права, но нејзиното патување не помина толку добро кај некој блогери.
Блогерот од дијаспората, Алберто де ла Круз, пишувајќи babalu, почувствува:
Не е приказна дека Мариела Кастро тврдеше дека Куба, под тираниската чизма на нејзиниот татко и брат повеќе од пет децении, е слободна и демократска држава, за време на нејзиниот говор минатиот вторник одржан во Њујорк. Кубанското диктаторство ја крие лагата онолку години колку што владее. Вистинската приказна овде е како јавната библиотeка во Њујорк си дозволи да и помогне на Мариела Кастро и нејзината фамилијарна диктатура да ги промовираат нивните лаги и пропаганда.
Тој исто така беше иритиран од фактот дека:
…На ниту една личност која се противи на режимот Кастро не и беше дозволен влез [Библиотеката во Њујорк, каде минатиот вторник Кастро го одржа својот говор]. 177 седишта, а секое од нив или беше празно или беше пополнето од симпатизер на режимот Кастро.
Блогот Cambios en Cuba (Промени во Куба) се фокусираше на фактот дека Кастро се сметала себеси за дисидент за време на излагањето:
«Los revolucionarios somos disidentes, somos incómodos y sufrimos la discriminación por nuestro proyecto histórico por una ideología que intenta experimentar la emancipación plena del ser humano», añadió la hija del presidente cubano ante un auditorio de más de un centenar de personas.
„Дисидентите се револуционери, ние се чувствуваме неудобно и патиме од дискриминација за нашиот историски проект од една идеологија која се труди да ја истражи целосната еманципација на човечкиот род“, додаде ќерката на кубанскиот претседател пред публика од над стотина луѓе.
Но, дисидентот на Хавана, Санчез Јоан се спротивстави:
Ја разбирам. Таа на раменици носи потекло кое можеби многу пати би сакала да го истресе, одрече и избрише од нејзиниот живот. Јас сум само натрапник, без педигре, без позната фамилија што стои позади мене. Моите родители не се бореа во Сиера Маестра, слоганите што се наоѓаат во нејзината куќа, во мојата биле одбиени, говорите на нејзиниот вујко наидоа на скептичните уши на мојот клан. Таа зборува на микрофони, се појавува на национална телевизија за да биде интервјуирана, додека моето лице е опкружено со придавки како „непријател“, „сајбер-терорист“, без да ми понудат – се разбира – право на одговор.
Санчез завршува со поентата дека:
Таа направи тура во САД и кубанските вести не ја етикетираа како платеник поради тоа. Таа рече дека „Би гласала за Обама“ – и изненадување! – државниот печат не ја обвини дека е про Јенки. Таа е затвореник на нејзиното потекло, а јас едвај имам минато во кое може да погледне, само што се разбудив, а веќе мислам за утре. Таа и јас, иако ја плаши и го негира тоа, сме дел од оваа држава, различни ќерки на оваа земја, саканите и несаканите плодови на процсот.Таа мора да признае дека јас постојам, јас сум, дека оваа Санчез бара од неа право да критикува.
Сликите употребени во овој пост, “CENESEX y CHA”, се од CHA Argentina, користени под Криејтив Комонс лиценца (CC BY 2.0). Посетете го профилот на CHA Argentina на Фликр.