- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Арапски свет: Сеќавање на 11 септември

Категории: Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, САД, Саудиска Арабија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Историја, Политика, Религија

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за  ретроспективата на [1]9/11 [1] [1] на Global Voices [1].

Додека светот се потсетуваше на ужасните дела извршени од терористите на Ал Каеда кои на 11 септември пред 10 години со 4 патнички авиони директно удрија во неколку американски објекти, корисниците на Твитер од арапскиот свет оддадоа почит кон 3,000 жртви кои притоа настрадаа.

Саудискиот карикатурист Малек Нејер вели дека 11 септември е одвратен злочин, без разлика кој го извршил.

عموماً، ١١ سبتمبر جريمة بشعه، سواء قام به مسلمين أو يهود أو حتى مجموعة كائنات فضائية
@Nejer [2]: Она што се случи на 11 септември е одвратен злочин, без разлика дали го извршиле муслимани, евреи или вонземјани.
9-11 Tribute Lights Photowalk [3]

Оддавање почит на настаните од 9-11, Њујорк 2010 © Kamau Akabueze на Flickr (употребена со дозвола)

Од Дубаи, AbstruseArif забележува:

@AbstruseArif [4]: Денешниот ден е еден од оние денови кои посакуваме никогаш да не се случеа.. а сепак се случија..#screamsstillresonates #911

Блогерот Мухамед Ал Маскати или emoodz твитна од Бахреин:

@emoodz [5]: Се молам за Американците, Авганистанците и Ирачаните кои ги изгубија животите за време на страшните терористички напади на 11 септември.. Нека почиваат во мир..

Потоа додава:

@emoodz [6]: Може многу да се научи од тоа како Американците постапија по 9/11..се свртија кон иднината, но никогаш не го заборавија минатото.. #lulu #Бахреин

Саудискиот стоматолог Ноуф Абдулрахман го обвинува саудискиот терорист Осама Бин Ладен за смртта на жртвите на нападите од 11 септември, како и за оние од Ирак и Авганистан – војни во кои САД зема учество како дел од нејзината војна против тероризмот.

Таа твитна:

ضحايا العراق و افغانستان انا احمل بن لادن – لا رحمه الله – دمائهم و دموع أهاليهم وليس ضحايا امريكا فقط #sept11
@Dr_Nouf: [7] Осама Бин Ладен е виновен – се надевам дека неговата душа никогаш нема да најде мир – не само поради американските жртви, туку и за пролеаната крв во Ирак и Авганистан и пролеаните солзи од нивните семејства.

Сеќавањето на овој настан Сауд Ал Шеик го потсети на други сурови злодела. На Твитер пишува:

@SAMAlsheikh [8]: Се сеќавате на 9/11, а го заборавивте масакарот извршен над 8000 муслимани во Босна.

@SAMAlsheikh [9]: Се сеќавате на 9/11, а ги заборавивте  2та милиони Палестинци убени по 1948 год.

AhmadOTB од Ер Ријад, Саудиска Арабија, дава слична забелешка:

@AhmadOTB [10]: Она што за САД е 9/11, за Палестина, Ирак и Авганистан е 24/7

А Нора Ал Ашаик, исто така од Саудиска Арабија, додава:

@Neeart [11]: Навистина ми е жал за луѓето кои загинаа на 9/11, но тоа е секојдневие на Блискиот Исток, тука луѓето умираат секој ден…

Сограѓанката од Саудиска Арабија пак, Ханин Бејталмал, е згрозена од недостигот на сочуство кај некои луѓе. Таа забележува:

@HaneenBa [12]: Навистина не ги разбирам оние кои велат дека настанот на 9/11 се преувеличува. Покажете милост, забога!

И најпосле но не и најмалку важно, новинарот Том Гара кој работи во Дубаи забележува:


@tomgara
: За десетте години кои беа потребни за да се изгради речиси нов Светски трговски центар, Дубаи само го изгради Дубаи.

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за  ретроспективата на [1] [1]9/11 на Global Voices [1].