- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

ЈјТјуб натпревар за амбициозни новинари

Категории: Западна Европа, Источна Азија, Латинска Америка, Океанија, Северна Америка, Австралија, Бразил, Велика Британија, Германија, Ирска, Италија, Јужна Кореја, Канада, Нов Зеланд, САД, Северна Кореја, Франција, Холандија, Шпанија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Уметност и култура, Филм

Како што спомнав во август [1], ЈуТјуб [2]и Пулицеровиот центар [3] го лансираа проектот: Извештај [4] (Project: Report), натпревар за амбициозните новинари, за кој сега се веќе достапни сите правила и инструкции. Натпреварувањето и наградите се ограничени само за учесниците кои се легални државјани на земјите во кои ЈуТјуб е официјално лансиран: Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Ирска, Италија, Кореја, Нов Зеланд, Шпанија, Холандија, Велика Британија (Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс), како и 50-те обединети држави и Вашингтон. Првата задача од вкупно три, се состои од поставување видео од 3 минути или пократко, на англиски јазик (или со англиски титл) во кое треба да го претставите профилот на една личност од својата заедница за која мислите дека другите луѓе треба да знаат.

Како пример за типот на приказни какви што се бараат, тие имаат поставено серија од видеа кои треба да им помогнат на идните новинари кои сакаат да добијат стипендија од 10 000 американски долари и награда лаптоп. Репортерката Трејси Чанг подготви серија од три видеа со совети за тоа како најдобро да ја раскажете својата приказна (прво [5], второ [6], трето [7]). Друго видео [8] има поставено спонзорираната новинарка од Пулицеровиот центар, Бет Марфи, која дава совети за избор на добар лик за вашиот профил во приказната. Како пример кој можат да го следат натпреварувачите, тие го имаат избрано видеото за Ирачкиот воен ветеран Кирк Џонсон [9] кој се има посветено на давање потпора на оние Ирачани кои им помагале на САД и чии животи се сега загрозени поради тоа.

Следните неколку видеа кои ги имаат поставено на ЈуТјуб каналот за натпреварот, се други примери на профили. Првиот е Сајмон Мотиби, јужноафрикански атлетичар-учесник на специјалната олимпијада кој ја носи надежта во неговото семејство. Видеото е поставено од авмендес1 [10]:

Следното видео доаѓа од Танзанија [11], од каде Камфд интернешнл [12], организација фокусирана на обезбедување образование за девојките во Африка, раскажуваат приказна за една девојка, Јакинта, која го има напуштено училиштето за да работи како куќна помошничка една и пол година, само за да може да си ги плати трошоците за своето школување: Камфд и понуди да и ја плати школарината, па таа сега учи за во иднина да може да им плаќа образование на нејзините браќа и сестри.

Сите правила за проектот на Јутјуб: Извештај [4], можат да се најдат овде [13]. Крајниот рок за оваа прва фаза е 5 октомври. Па, за сите блогери од дијаспората кои живеат во една од соодветните земји, или кои живеат на друго место, но се легални жители на истите, ова е одлична прилика да му ги покажат на светот своите херои.