Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Холандија: Премногу е млада за да плови околу светот?

Лаура Декер, 13-годишна девојка од Холандија, сака да го обиколи светот со едрилица и да го надмине светскиот рекорд. На нејзината веб страница, таа се претставува како „најмладиот соло морепловец на светот.“ Нејзините родители ја поддржуваат, но холандскиот Совет за заштита на децата има преземено легални акции за да ја спречи.
На една холандска веб страница за пловење, се дискутира за последиците од нејзиното патување преку напис посветен на ова прашање.

Het is in Nederland uniek dat een kind van deze leeftijd alleen de wereld intrekt. Dat komt door onze Leerplichtwet. Van vijf tot zestien jaar moet iedereen naar school. Van zestien tot achttien jaar mag je alleen van school mits je een diploma hebt. Laura is dertien en dus leerplichtig.

Ова е прв ваков случај во Холандија кога дете сака да влезе на овој начин во светот на возрасните. Тоа се должи на холандскиот систем за задолжително образование. Од пет до шеснаесет години секое дете мора редовно да оди на училиште. Од шеснаесет годишна возраст, до осумнаесет години, дозволено му е на детето да го напушти училиштето, но само ако има диплома. Лаура има само тринаесет години, така што таа сè уште мора да оди на училиште.

Родителите на Лаура бараа дозвола нивната ќерка да слуша часови преку програмата Wereldschool (Светско училиште) наменета за учење на далечина за деца кои зборуваат холандски и живеат во странство заедно со родителите. Сепак, тие беа одбиени затоа што Лаура би требала самата да си држи предавања, а програмата предвидува часовите на далечина да бидат одржани од родителите.

Во меѓувреме, Советот за заштита на децата има преземено законски мерки за Лаура да биде ставена под заштита на судот, не дозволувајќи им на тој начин на родителите да ја пуштат на патувањето и да го прекршат законот за задолжително образование.

Еден читател Јохан Де Вриес, ја изразува својата поддршка за Лаура на еден напис на веб страницата на списанието Zeilen:

… Ik moet denken aan Laura Dekker, dat dertienjarig leeftijdgenootje dat rond de wereld wil zeilen maar de kans loopt tegengehouden te worden door de instanties, onderwerp is van gesprek en discussie, en van de media alle aandacht krijgt … Laura Dekker die al meer van de wereld gezien heeft dan menigeen … Laura Dekker die al heeft laten zien dat zij zeilen kan als de beste … Laura Dekker die al meer voor elkaar heeft gekregen dan vele van haar leeftijdgenootjes … Laura, mijn zegen heb je, maak je dromen waar en leef ze uit! En ik blijf je volgen, en als je straks weer aankomt zeil ik je misschien wel tegemoet voor een warm onthaal …

…Ова ме потсетува на Лаура Декер, 13 годишното девојче кое сака да плови околу светот, но може да биде спречена од властите, девојче кое е тема на разговори и дискусии и добива големо внимание од медиумите… Лаура Декер која веќе има докажано дека може да плови како најдобрите… Лаура Декер која има постигнато повеќе од најголемиот број на деца на нејзина возраст… Лаура, јас ти го давам мојот благослов, исполни си го сонот и живеј го! А јас ќе продолжам да те следам и кога ќе се вратиш, може и ќе испловам за да те сретнам и топло да ти посакам добредојде….

Друг читател, Лук Јансен, пишува дека Лаура не е како сите 13 годишни девојчиња:

Ik denk niet dat je Laura met een ‘doorsnee’ kind van 13 kunt vergelijken. Als ik in de Zeilen haar artikel lees over haar eerste oversteek naar Engeland krijg ik het idee dat ze goed weet waar ze mee bezig is.

Мислам дека не можеме да ја споредиме Лаура со други девојчиња од нејзина возраст. Кога читам во Цајлен списанието за нејзиното прво пловење до Англија, добивам впечаток дека таа навистина многу добро знае што прави.

Дијана, друг читател, мисли дека Лаура треба да биде спречена:

Ik ben blij dat de rechter en kinderbescherming zich hiermee bemoeit. Het is naar mijn mening echt totaal onverantwoord om een 13 jarig kind twee jaar lang alleen de zee op te sturen. Ze zal vast fantastisch kunnen zeilen. Maar wat gaat dit voor invloed hebben op haar sociale en geestelijke ontwikkeling? […]
Ik kan er niet bij dat haar ouders hier toestemming voor geven.. Wat mij betreft is haar laten gaan inderdaad een vorm van kindermishandeling en ik vind het niet vreemd dat de kinderbescherming zich daarmee bemoeit. Het hele leerplicht gedoe.. daar gaat het natuurlijk eigenlijk niet om, het is een manier om haar rechterlijk tegen te houden en te behoeden voor de echte gevaren.

Мило ми е што Советот за заштита на децата го презема случајот. Навистина мислам дека е крајно неодговорно да се испрати 13 годишно девојче само на море за време од две години. Сигурна сум дека таа е одличен морепловец. Меѓутоа какво влијание ќе има ова на нејзиниот социјален и ментален развој?
Не можам да разберам како нејзините родители ѝ дозволуваат да направи вакво нешто… Според мене, дозволувањето на Лаура да замине е вид злоупотреба на децата и не мислам дека е чудно што Советот за заштита на децата интервенираше. Се зборува цело време за задолжително образование… се разбира дека тоа не е вистинскиот проблем, туку начин на судот да ја сопре и да ја заштити од вистинските опасности.

Петер Петерс смета дека Лаура е заслепена од светскиот рекорд што ќе го постигне како најмладата личност која го обиколила светот на едрилица:

Wat mij betreft is haar vader in een soort tunnelvisie terechtgekomen. Laura ook, maar dat kun je een kind van 13 niet kwalijk nemen. Heel deze commotie ontstaat omdat ze PERSE NU deze reis wil maken. Maar ik denk dat de wereld er over 5 jaar ook nog wel is en dan kan ze deze reis ook maken. Dan heeft ze 1. haar diploma, 2. meer levenswijsheid, 3. alle vrijheden die ze maar wil. De reden dat alles nu moet is het mediaspectakel dat een record heet, maar als het Laura's passie en droom is, dan moet zo'n record er naar mijn idee niet toe doen. Dus ik zeg, verwezenlijk je droom! Maar doe het over 5 jaar…

Ако ме прашувате мене, нејзиниот татко не гледа подалеку од својот нос. Истиот случај е и со Лаура, но не би можеле да му замериме на 13 годишно девојче за тоа. Околу случајот се крева толку врева затоа што таа ИНСИСТИРА да патува баш СЕГА. Но, светот ќе постои и по пет години и таа сè уште ќе може да замине на патувањето. Тогаш таа ќе има 1. завршено училиште, 2. повеќе искуство и мудрост, 3. слобода колку што сака. Таа сака веднаш да замине заради целата медиумска возбуденост околу кршење на рекордот. Меѓутоа, ако ова е навистина нејзина желба и сон, мислам дека не би требало рекордот да е важен. Затоа јас би и рекол, исполни си го сонот! Но, направи го тоа по 5 години…

Блогерите од Холандија исто така коментираат за случајот. Аанбеволен пишува :

Merkwaardig vind ik het dat haar ouders haar plan goedkeuren. Volgens hen kan Laura zo goed zeilen dat ze zeker in staat is haar tocht te voltooien. Op Laura's website staat dat ze bijvoorbeeld al naar Engeland (!) is gevaren. Dat is een hele prestatie, maar of je dan ook al meteen de hele wereld over kunt zeilen…

Мислам дека е навистина неверојатно што нејзините родители го одобруваат планот. Велат дека Лаура била одличен морепловец и дека таа е несомнено способна да го заврши патувањето. На пример, на својата веб страница, Лаура пишува дека има веќе стигнато до Англија со едрилица. Ова е навистина големо достигнување, но дали тоа значи дека таа е подготвена да го обиколи светот…

Максим, 18 годишен студент и блогер на Scholieren.com, има оставено коментар со наслов „Пуштете ја Лаура!“:

Ik hoop en neem aan dat Laura en haar ouders zelf het beste weten wat goed voor haar is, gewoon omdat zij het beste weten wie Laura is. We kunnen beter een voorbeeld nemen aan haar moed en ambitie om haar droom te verwezenlijken. En tja, wie weet komt ze na een paar maanden alweer terug omdat het haar niet is gelukt. Ook daar zal ze van leren. In ieder geval, laat Laura maar gaan! We zullen hoe dan ook nog van haar horen…

Се надевам, а и претпоставувам, дека Лаура и нејзините родители најдобро знаат што е добро за неа, од едноставна причина што тие најдобра ја познаваат Лаура. Подобро би било да ја гледаме како пример за храброст и амбиција да си ги исполни соништата. Можно е таа да не успее и да се врати по неколку месеци. И од тоа искуство ќе научи нешто. Во секој случај, пуштете ја Лаура! Секако ќе слушнеме од неа …

На некои луѓе им е потешко да се одлучат. Ед коментираше еден на напис на Zeilersblog :

Bij gebrek aan krant en TV vernam ik ‘pas’ Maandag Laura’s voorgenomen avontuur. ’s avonds heb ik gelijk via haar site gemaild en en verteld dat ik de onderneming niet zag zitten. Vijf dagen later, na veel lezen en googelen over de reis de route en het meisje moet ik mijn mening herzien.
Gisteren heb ik haar andermaal gemaild en mijn bewondering uitgesproken. Ook mijn excuses gemaakt voor de eerder verzonden mail. De Nederlandse hokjesgeest is er voor de gemiddelde mens. De mens die zelf niet durft en angstvallig houvast zoekt aan de opgelegde regeltjes. Ik hoor daar ook bij, vandaar dat ik eerder ernstig negatief gestemd was. Laura en haar familie passen niet in een hokje. Sommige mensen zijn u eenmaal te groot om daar in te passen. […]
Laura, volg je hart, en laat je niet beïnvloeden door ons, het klootjesvolk!

Без пристап до весник или телевизија, дознав за планираната авантура на Лаура дури во понеделникот. Вечерта ѝ пратив е-порака на нејзината веб страница и ѝ кажав дека мислам дека нејзиниот патување не е добра идеја. По пет дена, откако многу читав и пребарував на Интернет за патувањето, нејзините искуства, а и за самата девојка, го променив мислењето.
Вчера ѝ испратив уште една е-порака, во која го изразив своето восхитување и се извинив за претходната порака. Холандската ограниченост е за просечните луѓе. Луѓето кои немаат храброст во себе и загрижено се држат за воспоставените правила. Јас сум еден од нив и затоа порано бев цврсто против патувањето. Лаура и нејзината фамилија не можат да бидат сместени во некоја од нашите категории. Некои луѓе се едноставно премногу големи за да ги собере. Лаура, слушај си го срцето и немој да дозволиш ние, обичните маси, да ти влијаеме!

Случајот на Лаура го привлече вниманието и на меѓународните медиуми: BBC, ABC (Australian Broadcasting Company), германското списание Der Spiegel и шпанскиот весник Publico имаат пишувано написи за неа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.