- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Источен Тимор: Славење на глобалната солидарност за слобода

Категории: Северна Америка, Индонезија, Источен Тимор, Нов Зеланд, Португалија, САД, Шпанија, Војни и конфликти, Историја, Меѓународни односи, Протест, Слобода на говор, Фотографија, Хуманитарен одговор, Човекови права

Десет години по референдумот, Глобал Војсис повторно пишува [1] за Источен Тимор, но овој пат во знак на славење на силната меѓународна солидарност која претходно кулминираше со признавање на правото на земјата за самоопределување:

На 30 август 1999 година, стотици илјади луѓе од Источен Тимор храбро се спротивставија на тероризирачката кампања предводена од Индонезијците, гласајќи за независност на референдумот организиран од ОН. Овој настан, кој стави крај на 24 годишната незаконска и брутална воена окупација, доведе до создавање на Демократската Република Источен Тимор, како првата нова нација на милениумот. Гласањето беше кулминација на децениската борба водена од луѓето од Источен Тимор со поддршка од солидарни активисти низ светот.

Емитувањето на видео снимките на новинарот Макс Штал за грозоморниот масакр во Санта Круз [2]во 1991 година, ја зголеми глобалната свесност за злосторствата извршувани во Источен Тимор под индонезиската окупација.

Во 1996 година, Жозе Рамос-Хорта и Бишоп Ксименес Бело ја добија Нобеловата награда за мир и само по три години, индонезискиот претседател Хабиби им дозволи на луѓето од Источен Тимор да изберат помеѓу автономија во рамките на Индонезија и независност. Тогаш, светот се обедини околу Источен Тимор.

„Die-in“ протест во САД. Заслуга: www.etan.org

„Die-in“ протест во САД. Заслуга: www.etan.org

Движењата на солидарност успеаја да извршат притисок врз владите и избија протести против злоупотребите на Индонезијците во Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Португалија, Франција, Холандија, Ирска, Германија, Обединетото Кралство, Канада и САД во 1990-тите. Дури и во Индонезија, луѓето од Источен Тимор имаа пријатели кои дејствуваа за да ги спречат злоупотребите и да промовираат самоопределување. [3]

Пред референдумот, во летото 1999 година, Меѓународната Федерација за Источен Тимор [4] (International Federation for East Timor) го состави проектот „Набљудувач (Observer)“, меѓународен тим на членови од барем 22 земји кои заминаа во Тимор за да го надгледуваат гласањето. Безбедносните припреми преземени месеците кои му претходеа на референдумот беа несигурни, со оглед на тоа што договорот, склучен со посредство на ОН, ја остави безбедноста во рацете на индонезиската полиција.

Постер на ОН на кој пишува: „Ние нема да си заминеме.“ Заслуга на австралијанската мрежа на пријатели на Источен Тимор.

Постер на ОН на кој пишува: „Ние нема да си заминеме.“ Заслуга на австралијанската мрежа на пријатели на Источен Тимор.

Набљудувачите на МФИТ храбро се раширија низ целата територија. Еве што пишува во еден извештај од 22 август 1999 година [5]:

Изнајмивме куќи и поставивме тимови во секој област на Источен Тимор. Веднаш по пристигнувањето во градот, тимот на МФИТ-ПН (Меѓународната федерација за Источен Тимор- Проект Набљудувач) стапува во контакт со полицијата и локалните власти, а подоцна и со различни водачи на заедници и застапници на двете страни на кампањата. Тие се сместуваат во куќа однапред подготвена од МФИТ-ПН тимот и почуваат со набљудувањето и распрашувањето за настаните и согледувањата поврзани со кампањата и други аспекти од консултирањето. Секој тим телефонски дава извештај секоја вечер и доставува неделен писмен извештај. Иако никој од нашите тимови не беше повреден, неколкумина беа сведоци на силни и застрашувачки инциденти кои ги пријавија на соодветните власти, односно на UNAMET ( Мисијата на Обединетите Нации за Источен Тимор) и на штабот на МФИТ-ПН во Дили.

Набљудувачите на МФИТ го пријавија насилството што го опфати Источен Тимор по гласањето во кое граѓаните убедливо се изјаснија за независност. Еве дел од извештајот од 3 септември [6] на проектот Набљудувач на МФИТ :

Набљудувачите, членови на Меѓународната Федерација за Источен Тимор – Проектот Набљудувач (МФАТ-ПН), отидоа до Бакора, населба во Дили, за да проверат дали милицијата ги гори куќите во областа како што беше пријавено вчера. Кога пристигнаа најдоа една штотуку разгорена куќа и пожарникари и новинари кои веќе беа на местото. Тимот влезе да испита. По десет минути, индонезиската воено-поддржана милиција се појави пред куќата.

Аитарак милицијата удри еден американски граѓанин, член на МФИТ-ПН по лице. Покрај тоа, една жена од Финска, исто така член на МФИТ-ПН, беше удрена по грб од страна на милицаец со пушка. Друг Финец се соочуваше со закани и пиштол вперен во него. Еден член на милицијата го удри шоферот на МФАТ-ПО и го скрши прозорецот од колата.

Со оглед на тоа што веднаш по гласањето изби насилство од милицијата, групите за солидарност низ светот почнаа да бараат од своите влади поголемо внимание да биде посветено на ситуацијата во Источен Тимор, која секојдневно се влошуваше. Овој инсерт [7] од Жозе Буда [7] покажува како Португалија застана и сопре во тој период:

[Титл] Сликите на држава која е на нозе 3 минути во знак на солидарност со воздржан народ се движеа низ светот, како и поглед од авион кој покажуваше ланец од луѓе долг 10 километри. Илјадници завршија упатувајќи се кон Мадрид, каде што можеа гласно да го искажат својот бунт против индонезиската амбасада. Конечно, Индонезија дозволи меѓународна сила да влезе во Источен Тимор. Обединетите Нации ја пратија оваа сила по една недела. Не знаеме колку загинаа. Од осумнаесетте обвинети за вмешаност во настаните од 1999 година, само еден беше осуден, а преостанатите беа ослободени по различни молби. Сигурно е дека во иднина, секогаш кога е неопходно, ќе има милион гласови подготвени да викаат, слушајќи се дури до 14 000 километри оддалеченост, до Источен Тимор.

По објавувањето на резултатите на 4 септември, се случија многубројни ѕверства, убиства и опустошувања, како што и пишува [8] ТАПОЛ (индонезиска организација за човекови права) во 1999 година:

По објавувањето на резултатите од референдумот на 4 септември, милицајците и нивните шефови во Копасус (специјални индонезиски сили) отпочнаа со тактика на срамнување со земја со огромни пропорции. Паравоените сили се вклучија во судирот, заедно со шест баталјони на ТНИ (индонезиски вооружени сили), меѓу кои имаше и два познати локални баталјона, 744 и 745. Имаше вкупно 15 000 луѓе. Без толку броен контингент од луѓе, немаше за толку брзо да се постигнат резултатите.

Иако (операцијата) Сапу Џагад-II се трудеше да изгледа како да се работи за спонтан изблик на гнев од страна на про-индонезиски сили, постојат цврсти докази дека уништувањето беше добро подготвена воена операција. На многу места, селаните биле принудени да си ги уништат и изгорат сопствените населби, дури и сопствените куќи. Целта беше да се уништи што ќе се стигне и да се казнат стожерите на ослободителното движење. Католичка црква, која им нудеше прибежиште на луѓето од источен Тимор, кои ги напуштија домовите за време на окупацијата, беше една од главните цели на напади.

Слика од „Следење на геноцид: Источен Тимор 1975-1999“, истражувано и напишано од Адам Џонс. Споделено со лиценца за непрофитабилна употреба.

Слика од „Следење на геноцид: Источен Тимор 1975-1999“, истражувано и напишано од Адам Џонс. Споделено со лиценца за непрофитабилна употреба.

Сите доброволци од МФИТ-ПН беа принудени да го напуштат Дили на 7 септември 1999 година, под многу стравични околности [9].

Денес, 7 септември, последниот од нашите набљудувачи беше принуден да го напушти Источен Тимор. Последниве два дена, Кралската австралиска воздушна сила евакуираше 60 од нашите неутрални доброволци за Дарвин, од Дили и Баукау.

Го напуштивме Источен Тимор за да се засолнеме, но со длабока тага. Луѓето од Источен Тимор ја немаат Австралија каде што можат да избегаат, немаат каде да се скријат од теророт на милицијата. Вчера, австралиските и индонезиските воени лица спречија еден член на нашиот екипаж, кој беше од Источен Тимор, да се качи на авионот со нас – и тој сега се соочува со неопислив терор, заедно со стотици илјадници негови сонародници.

Најголемиот дел на меѓународни набљудувачи и медиуми го напуштија Источен Тимор пред нас, така што ние бевме последната меѓународна невладина организација да си оди. УНАМЕТ (Мисијата на Обединетите Нации во Источен Тимор) беше повлечена од целата територија, освен од Дили, каде што им беше прекината струјата и телефонската линија и каде што беа опколени од милицајци кои пукаа во нивните простории речиси и без прекин.

Споменатиот „светски притисок“ стануваше се пореален како што граѓаните не се откажуваа. Некои фотографии од врските на солидарност во Португалија можете да ги пронајдете на веб страницата [10]на Тејн Тимор [10]. Маремарго [11] постави слики од Шпанија. Антоние Хозе, од блогот на Ума Лулик, илустрираше и емоционално опиша што се случуваше во Лисабон за време на една солидарност невидена дотогаш на 7-ми [12] и 8-ми [13] септември 1999 година:

As sirenes dos bombeiros ouviram-se ininterruptas nesses 3 minutos… parámos por Timor-Leste como nunca parámos por mais nada… TODOS (…)
Durante toda a tarde do cimo daquele prédio foram lançados constantemente papeis e papelinhos, rolos de papel higiénico, tudo o que vinha à mão era material para protesto. No final da tarde percebe-se que esse stock acabou pois eram as páginas amarelas que fluíam nessa altura… aquele ventinho sempre a ajudar e a depositar os protestos em plena embaixada dos EUA, nas árvores, no seu jardim e envolventes. No topo do prédio viam-se gente de gravata e camisa, a causa era a mesma…

Сирените на пожарникарскиот камион се слушаа непрекинато цели 3 минути … застанавме за Источен Тимор како за ништо дотогаш… СИТЕ (…)
Попладнето се фрлаше хартија од врвот на зградата, мали парчиња хартија, како и цели ролни тоалетна хартија, односно сè што ќе дојдеше при рака беше материјал за протестирање. Приквечерината дознавме дека нема веќе залихи, затоа што се фрлаа жолтите страници… и ветрето ни помагаше да ги испратиме протестите директно до Амбасадата на САД, и тоа на дрвјата, во градината и околината. На врвот на зградата видовме луѓе во костими, а причината за тоа беше – хартијата …
„Граѓанска непослушност за Источен Тимор“, пред штабот на ОН во Лисабон, Шпанија, септември. Слика од неутрален корисник на Flickr, искористена со дозвола.”

„Граѓанска непослушност за Источен Тимор“, пред штабот на ОН во Лисабон, Шпанија, септември. Слика од неутрален корисник на Flickr, искористена со дозвола.”

Додека мрежата за преземање акција на Источен Тимор успеа да ги привлече луѓето да излезат на улици во септември 1999 година, таа можеше и да смета на телефонските повици и писма испратени од повеќе од десетина илјади Американци [14].

ETAN (Мрежата за преземање акција во Источен Тимор) порасна во 1999 година, зголемувајќи го бројот на членови од 8 500 до 11 700. […] Користејќи го нашето искуство и националната мрежа на активисти, развивана цели осум години за кауза која многумина ја сметаа за безнадежна, ETAN успеа да мобилизира јавен и официјален притисок. […] Во септември, веб страницата на ETAN неделно беше посетувана од повеќе од 40 000 луѓе. […] Истиот месец, многубројни написи и програми на мејстрим медиумите, чија бројка стигна дури неколку десетици милиони, пишуваа за нашите најактивни членови на персоналот и доброволци, или пак само ги цитираа. Активистите на ETAN пишуваа во едиторијалите на главните американски весници, му испраќаа писма на уредникот и се појавуваа на локалните и национални радио и телевизиски емисии.

На другата страна од светот, одлучувачкиот момент за меѓународна интервенција се случи спроти самитот на АПЕК (Азиско-пацифичка економска соработка) во Нов Зеланд, кога Бил Клинтон приватно се сретна со пацифичките лидери. Само неколку дена пред самитот, тој ја објави суспензијата на воените тренинзи на САД со Индонезија. Според блогерот Нигел Морли од „Пишување за Иднината“: [15]

На дел од читателите ова може да им изгледа измислено, но кога во 1999 година, тиморскиот добитник на Нобелова награда, Жозе Рамос-Хорта, се сретна со претседателот на САД, Бил Клинтон, во Нов Зеланд, Клинтон забележа дека Рамос-Хорта има поголемо влијание во Конгресот од него (Зубрицки: 2002).

Новозеландци се собраа во голем број за да ги пречекаат Клинтон, Рамос-Хорта и австралискиот премиер Ховар. Аврсталијанците исто така ги „исполнија улиците заради Источен Тимор [16]“.

Од Сиднеј, Австралија, „Мајка и дете“. Слика од корисникот на Flickr, Potsy, искористена со дозвола.

Од Сиднеј, Австралија, „Мајка и дете“. Слика од корисникот на Flickr, Potsy, искористена со дозвола.

Се гледаа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за крвопролевањето“ и „Виранто – Убиец“. Понатаму, песните „Слободен Источен Тимор“ и „Viva Timor Leste“ (Да живее Источен Тимор) се слушаа од толпата откако беше пренесен во живо телефонскиот повик на водачот на отпорот г-дин Жозе „Ксанана“ Гусмао од Јакарта.

„Вие ни требате, браќа и сестра од Австралија; ни треба вашиот глас“, рече Ксанана Гусмао од Јакарта по телефон, додавајќи, „ Мислам дека е важно да се испрати порака до индонезиската влада дека работниците од Австралија и австралиската заедница ќе направат сè што е во нивна моќ за да се стави крај на убиствата. Да живее Источен Тимор. “ Публиката одговори, „Да живее.“

Ученици од средното училиште „Кингсгров“, ја даваат својата поддршка за слободен Источен Тимор во 1999 година. Слика од корисникот на Flickr, sHzaam!, искористена со дозвола.

Ученици од средното училиште „Кингсгров“, ја даваат својата поддршка за слободен Источен Тимор во 1999 година. Слика од корисникот на Flickr, sHzaam!, искористена со дозвола.

За време на измачувачките денови во септември 1999 година, светските лидери бавно напредуваа во своите интервенции во Источен Тимор, иако веќе беше јасно дека индонезиската војска и нејзините застапници целосно ја уништуваа територијата, започнувајќи хуманитарна криза од масивни пропорции. Но, непоколебливите протести и залагања на групите на загрижени граѓани низ светот ги засрами САД, Австралија и Индонезија и тие свртија нова страница во поглед на Источен Тимор.

По една деценија, време е да се слави глобалната унија. Неколку настани [17] се закажани во Дили, како што е егзибиција на фотографија во Фундасао Ориенте (место на масакр [18] од 1999 година) која ќе ги опишува движењата на солидарност низ годините.

Ова е првиот од серија написи со кои ќе ја одбележиме десетгодишнината од јавниот референдум во Источен Тимор, гласање кое доведе до меѓународно признаената независност на земјата. Доколку сакате да споделите некои сеќавања од актите на глобална солидарност за Источен Тимор, направете го тоа подолу.