Навистина е алармантно да се извести дека скоро сите популарни сајтови за хостирање на блогови на тибетски јазик (освен еден) се напристапни веќе три недели.
Иако е честа пракса за сајтовите што хостираат блогови на тибетски јазик да бидат симнати (најчесто заради “одржување”), повремено и заради владата (погледни “На тибетскиот блогерски фронт сите молчат [1]“), овој месец не постои некоја значајна политичка причина која што можам јас да ја видам.
Сајтовите кои денес се уште не се достапни ги вклучуваат и најпопуларните како што се, www.tibettl.com [2] и www.tibetabc.cn [3] кој го хостира и блогот на најпопулраниот писател и блогер на тибетски јазик Jamyang Kyi [4]. Последниот сајт кој хостира блогови на тибетски јазик кој се уште необјасниво стои е ChodMe http://www.cmbod.cn/index.html. [5]
Се шпекулира дека затварањето на тибетските блогови [6] е поврзано со апсењето на тибетскиот писател Таши (псевдоним Therang). За повеќе информации за Таши, погледнете го мојот претходен пост овде на Глобал Војсис. [7]
Интригантно е што истиот месец кога започна затварањето на тибетските сајтови за блогови, People's daily [8] покрена тибетско издание со веб сајт овде: http://tibet.people.com.cn/ [9]
Во нешто што веќе беше рестриктивна околина, ситуацијата независните блогерски простори да се ограничувани и растењето на бројот на официјално контролирани сајтови на тибетски јазик е загрижувачка.