Песната „Happy [2]“ (Среќен), напишана, продуцирана, и изведена од американскиот пејач и продуцент Фарел Вилијамс, стана вирален феномен годинава со снимањето и поставувањето на интернет на безброј видеа во чест на истата, од луѓе низ целиот свет.
Подобро доцна отколку никогаш, Сушмита Пакхрин [3] од продукцијата Lens Craft направи верзија за Сиким [4], континентална северо-источна сојузна држава во Индија, која се наоѓа на Хималаите.
Видеото [1] беше поставено на Јутјуб на 28ми август 2014, и се здоби со пофалби за висок продукциски квалитет.
Г-ѓа Пакхрин коментира [5] во интервју за Сиким Сега, веб-сајт за вести:
Се обидовме да ја прикажеме живописната убавина на Сиким заедно со добро познатите и уметниците во подем од државата.