- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Корисниците на социјалните медиуми се жалат од храната во унгарските болници

Категории: Унгарија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Здравје

Блогот ‘Kórházi koszt [1]‘, беше создаден во текот на летото 2014 во Унгарија, обелоденувајќи го лошиот квалитет и малата големина на порциите на храна во Унгарските болници.

tumblr_narb36FahO1ticsozo1_1280

Поднесено од корисник на блогот Kórházi koszt, искористено со дозвола.

Блогот изникна од бесот помеѓу Унгарците кои биле хоспитализирани и кои не само што добиле мали порции на храна, туку често и ефтини и „одвратни“ оброци. Фејсбук страницата [2] на блогот собра речиси 6000 следбеници за само неколку недели. Во меѓувреме, Базфид излиста [3] фотографии од 22 оброци кои се сервираат во болниците во други држави, што направи унгарските нетизени да завидуваат на квалитет на храната која се служи таму.