- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Најмалку 14 лица повредени во бомбашки напад на метро станица во Сантијаго

Категории: Латинска Америка, Чиле, Граѓански медиуми, Катастрофи, Најважни вести
Metro de Santiago, Chile. Foo en Flickr del usuario  Ricardo Cabrera Letelier (CC BY-NC-ND 2.0).

Метрото во Сантијаго, Чиле. Фотографија на Фликер од корисникот Рикардо Кабрера Летелиер [1] (CC BY-NC-ND 2.0).

Четиринаесетмина [2] се повредени по експлозија на бомба во метро станицата Escuela Militar во чилеанскиот главен град Сантијаго околу 2 часот попладне. 

Жена која работи во хигиенскиот оддел за компанијата Metro S.A., која ги загуби прстите на десната рака, и 35-годишник, кој претрпе абдоминални повреди, беа оние со најсериозни повреди [3].

Заменик-секретарот за внатрешни работи Mahmud Aleuy потврди [4] дека двајцата осомничени за спроведување на нападот избегале во бел Шевролет, но има и истраги во тек за второ возило, црвена Опел Корса во која биле двајца мажи.

Шпицот во Сантијаго метрото се помести порано, во 17:00 часот, по нападот на станицата Escuela Militar.

Голема експлозија во метрото во Сантијаго опишана како „терористички акт“ од владата на Чиле. Извор: http://t.co/n1kjwxNEQ7 [7]

НАЈНОВО: Осум луѓе повредени од експлозијата во метрото во Сантијаго во Чиле.

Јасно е, ова беше терористички напад врз метрото во Сантијаго во Чиле.