- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ден на Лунфардо, дијалект од пристаништето во Буенос Аирес

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Граѓански медиуми, Јазик, Уметност и култура
Carlos Gardel. Imagen en Twitter de la usuaria  Luciana Monte (CC BY-NC-SA 2.0)

Уличката Карлос Гардел. Фотографија на Твитер од корисникот Luciana Monte [1] (CC BY-NC-SA 2.0).

Како и секој 5ти септември од 2000та година, Буенос Аирес и оваа година го прославува Денот на Лунфардо [2], дијалект кој е создаден и развиен на крајот на 19тиот и почетокот на 20тиот век кај пониските слоеви во Буенос Аирес, од каде се проширил и на околните градови. Првично, тоа бил сленг користен од криминалци и наскоро и други луѓе од ниските и средно-ниските класи, но подоцна, многу од неговите зборови и фрази биле внесени во употреба во секојдневниот јазик и распространети од Кастилјанците од Аргентина и Уругвај.

Тангото „Mi noche triste [3]“ (Мојата тажна ноќ), напишано од Паскал Контурси и популизирано од Карлос Гардел, беше првата песна која го користи Лунфардо јазикот во својот текст.

Твитер корисниците се сетија на датата:

Денес, 5ти септември, го славиме Денот на Лунфардо.

Мајка ми го зборуваше многу течно, најверојатно поради тоа што го научила на многу рана возраст.

Денес е Ден на Лунфардо, јазикот на пристаништата во Буенос Аирес.