- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дали образовниот систем на Карибите ги прави децата поглупави?

Категории: Кариби, Гвајана, Граѓански медиуми, Идеи, Младина, Образование, Политика

Со денешниот почетокот на училишната година во многу територии на Карибите, блогерот Guyana-Gyal [1], кој пишува на локален жаргон, се прашува за новите насоки во кои се движи образовниот систем низ овој регион. Од праксата да се тераат децата да носат тешки училишни торби наместо, едноставно, само книги кои ќе им требаат за конкретниот час, до популарниот тренд на „дополнителни часови“ и зголемен обем на домашни работи, блогерот го предизвикува концептот дека повеќе тестирање резултира со попаметни деца:

Зошто не им е дозволено на децата да си играат додека трае училишната година? Зошто смеат да си играат само за време на празниците? Какви само неуки родители воспитувате сега […] Тие никогаш не слушаат дека играта е еден од најважните начини за откривање? За учење? За мислење? […]

И! Што ќе докаже положувањето на толку многу испити? Дека тие можат да ги „испотат“ книгите многу добро…и…што друго? Тоа ќе ги направи поелоквентни, помудри, покреативни, инвентивни, повеќе ќе размислуваат, ќе бидат поаналитични? Навистина?