- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Новости на Твитер за политичката криза во Лесото

Категории: Супсахарска Африка, Лесото, Граѓански медиуми, Политика

Следете го @nthakoana [1] (Nthakoana Ngatane) за новости од политичката криза во Лесото. Nthakoana Ngatane е писател, говорник, пејач, актер и кореспондент на Јужноафриканската корпорација за пренос, во Лесото.

На 30ти август 2014, премиерот на Лесото Том Табејн тврдеше [2] дека имало обид за државен удар. Тој потоа одлета во Јужна Африка плашејќи се за неговиот живот.