- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Модните трендови во главниот град на Тринидад

Категории: Кариби, Тринидад и Тобаго, Граѓански медиуми, Добри вести, Идеи, Младина, Уметност и култура

Начинот на кој луѓето се облекуваат често ни дава увид во културата на местото; Maya Cozier успева да ja фати урбаната атмосфера на главниот град на Тринидад во едно кратко видео во кое интервјуира неколку млади луѓе со автентични стилови, а кои живеат и работат во околината на шпанското пристаниште. Блогерката Сеола Беликс [1] е една од интервјуираните, и таа забележува:

Пофалби до Маја за одличниот продукциски квалитет, одличен наратив и збир на супер-интересни личности, кои ги почитувам бидејќи поседуваат уникатна смисла за стил која е автентична. Почестена сум што бев земена предвид покрај сите овие одлични луѓе…

Видеото можете да го погледнете овде:

Стилот во шпанското пристаниште [2] од Maya Cozier [3] на Вимео [4].