Гватемала: Прославување на фотографијата во текот на септември

Фотографија од Андрес Астуријас, претставена на Фото30.

„Фотографијата е тајна за една тајна. Колку повеќе ти кажува, толку помалку знаеш“, рече еднаш фотографката Дајен Арбус, како и дека фотографијата фаќа емоции, места, ситуации, стварност, фантазија, го фаќа видливото и невидливото. За време на месец септември, повеќе галерии во Гватемала сити, Антигва и Кетзалтенанго ќе го слават Фото30, месец на изложби, работилници и активности кои ја слават фотографијата.

Би сакала да ги споделам импресиите на блогерите кои учествуваат и даваат придонес кон Фото30 Гватемала 2008, но прво би сакала да потенцирам како галериите и културните организации ги користат блоговите за да прикажат информации за настанот, да им покажат на читателите преглед од нивната изложба и да обезбедат повеќе информации за уметниците, првичните импресии, критики и сугестии:

  1. Casa del Mango [шпански] (Куќата Манго), мала специјализирана уметничка галерија и културен центар лоциран во еден скриен агол на Антигва. Тие приредуваат црно-бела изложба „Una de Cal, una de Arena“ (нешто добиваш, нешто губиш). Тие неодамна ги поканија своите гости преку нивниот блог и љубезно ги замолија да донесат пијалаци за да прослават заедно со нив.
  2. Блогот на Луна Парк онлајн магазинот [шпански] ги покани сите луѓе во Кетзалтенанго, каде на големо се слави денот на независноста, да се приклучат кон отворањето на Фото30, каде брилијантниот фотограф од Ксела, Луис Естакуј ќе ја претстави својата работа. Изложбата ја приредува Casa Noj` Кселскиот културен центар, кој исто така го опиша настанот на нивниот блог, Ел Азар Калтрл [шпански]. Тој овде вклучува графичка културна агенда и постојано го освежува нивниот блог за да им каже на луѓето за разните изложби кои следуваат.
  3. Во продолжение, виртуелните галерии се преместуваат на реални простори за Фото30. Фото блогот Антигва Дејли ја претстави црно-белата изложба (промовирана и посетена од страна на многу блогери) во КафеНос, отворен бар кој заслужува да биде посетен.
  4. Организаторите го креираа живописниот, шарен и постојано освежуван блог Фото302008 [шпански], каде секој може да ја најде дневната агенда, да остава коментари, да ги провери линковите до портфолијата на некои уметници и да почне конверзација, што е нешто што блогот CCE/G [шпански] го правеше кога ги опишуваше изложбите и конференциите кои тие ги организираа. Нивниот партнерски центар EspacioCe! Исто така ќе биде домаќин на една од најубавите изложби, Лаберинто де Мирадас, со дела од цела Иберо-америка.

Септември исто така може да биде добар изговор за да се погледнат неверојатни слики на многу гватемалски блогови, како на Паракаидас [шпански], на чиј скорашен пост Церемонијал беше претставена церемонијата на Маите или супер фотографиите на блогерот на Пикторикас [шпански] Пола Моралес, додека Јозе Мануел Мајорга ги фати огромните Фото30 графики поставени на урбаните улици. Блогот на Луис Виласинда Екс актон нон онке прикажува слатки слики од деца кои учествуваа на една од фото-работилниците.

Исто така, има и фото-новинарски блогови, како Ми мундо [шпански] од фотографот Џејмс Родригез , каде секогаш можете да најдете слики кои ќе ви го привлечат вниманието без некој глас да ве тера да го направите тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.