- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кувајт: Специјална прослава за Гиргијан

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Кувајт, Младина, Религија, Уметност и култура

Луѓето од заливскиот регион ја одбележуваат средината на светиот месец Рамазан со прослава, каде децата се облекуваат и одат од врата на врата, посакувајќи им на соседите среќни празници и собирајќи слатки работи и понекогаш пари.

Од Кувајт, интлкспатр [1] беше во својот дом кога неочекувано некој тропна на нејзината врата:

Ѕвончето заѕвони.
Никој не ѕвони на мојата врата. Вратарот секогаш се јавува да ми каже дека пристигнал некој посетител.
“Кој е таму?” прашав гласно.
“Тоа е ГИРГИЈАН!” заѕвони еден хор на гласови.

Гиргијан е детски празник, нешто како Халовин (Денот на вештерките) некаде на половина од месецот Рамазан, кога деца облечени во костуми доаѓаат и ѕвонат на вратите, и им се даваат слатки работи , понекогаш пари. Ако имате среќа, тие ќе ви испеат песничка. Моето разбирање е дека нормално децата одат кај своите семејства, како тетки и чичковци и роднини и кај блиските соседи.

Излишно е да се каже дека интлкспатр беше восхитена од ова изненадување:

Влегоа внатре осум прекрасни мали Кувајтчиња, сите зборуваа англиски, сите облечени од глава до петици во најубави алишта и накит, бели наметки и капи за молење, прекрасни рачни везови со позлата, фустани со везови и тантели и светкави здолништа, златни фризури –ох! Тие беа преубави!

Никој досега не дошол за Гергијан. Јас немав ништо подготвено. Фала му на Бога што Адвенчрмен сака слатки работи и фала му на Бога тие беа љубезни и изгледаа одушевени со полни раце Орео колачиња и мачмалоу слатки, кои беа се што имав да им дадам.

Некои денови, едноставно не знаете каков благослов ќе се појави. Овие драги дечиња ми го разубавија денот.

Таа дури и сподели видео од прославата од кувајтски блогер Чикапапи [2] поставено на ЈуТјуб: