- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Светската банка започна натпревар за најдобар филм – социјални димензии или промени во климата

Категории: Супсахарска Африка, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Жени и род, Животна средина, Младина, Развој, Староседелци, Филм, Храна

Светската Банка има повик за пријавување [1] на 2-5 минутни документарни филмови кои ги прикажуваат социјалните ефекти или аспекти од промената на климата. Крајниот рок за пријавување на натпреварот е 24 октомври 2008. Тие би преферирале пријавување на филмови од земјите во развој (особено од младината), кои покриваат било која од овие категории:

- Конфликт: Како последиците од промената на климата во недостатокот на ресурси и економската, а во многу случаи, и политичка нестабилност, може да доведат до општествен немир и вооружен конфликт?

- Миграција: Дали постои поврзаност помеѓу промената на климата и миграцијата на населението?

- Социјална политика: Како владите подготвуваат ефективни социјални политики за да се справат со предизвиците од промената на климата?

- Сушни подрачја: Каква е општествената реакција за сушните подрачја во однос на промените на климата?

- Урбан простор: Како мерките за адаптацијата на промените на климата ги зимаат во обѕир потребите на сиромашните во урбана околина?

- Рурални институции: Како локалните институции во земјоделските општества градат капацитети за да се справат со ризиците поврзани со промената на климата и создаваат решенија?

- Староседелци (домородци): Како староседелците (домородци) реагираат и се адаптираат на влијанието од промените на климата?

- Родови прашања: Дали промената на клима има различни импликации врз мажите и жените, момчињата и девојчињата? Како и каде може да се види ваков пример?

- Владеење: Како општествена одговорност може да биде промовирана за постапка врз климата?

- Шуми: Кои се заканите и можностите за локалните заедници во напорите да се намали ширењето на уништување на шумите и деградацијата?

- Човекови права: Кои се импликациите на човековите права во промените на климата?

Повеќе информации за натпреварот може да погледнете тука [2].

Следува видео од повикот за пријавување.