Светската Банка има повик за пријавување на 2-5 минутни документарни филмови кои ги прикажуваат социјалните ефекти или аспекти од промената на климата. Крајниот рок за пријавување на натпреварот е 24 октомври 2008. Тие би преферирале пријавување на филмови од земјите во развој (особено од младината), кои покриваат било која од овие категории:
- Конфликт: Како последиците од промената на климата во недостатокот на ресурси и економската, а во многу случаи, и политичка нестабилност, може да доведат до општествен немир и вооружен конфликт?
- Миграција: Дали постои поврзаност помеѓу промената на климата и миграцијата на населението?
- Социјална политика: Како владите подготвуваат ефективни социјални политики за да се справат со предизвиците од промената на климата?
- Сушни подрачја: Каква е општествената реакција за сушните подрачја во однос на промените на климата?
- Урбан простор: Како мерките за адаптацијата на промените на климата ги зимаат во обѕир потребите на сиромашните во урбана околина?
- Рурални институции: Како локалните институции во земјоделските општества градат капацитети за да се справат со ризиците поврзани со промената на климата и создаваат решенија?
- Староседелци (домородци): Како староседелците (домородци) реагираат и се адаптираат на влијанието од промените на климата?
- Родови прашања: Дали промената на клима има различни импликации врз мажите и жените, момчињата и девојчињата? Како и каде може да се види ваков пример?
- Владеење: Како општествена одговорност може да биде промовирана за постапка врз климата?
- Шуми: Кои се заканите и можностите за локалните заедници во напорите да се намали ширењето на уништување на шумите и деградацијата?
- Човекови права: Кои се импликациите на човековите права во промените на климата?
Повеќе информации за натпреварот може да погледнете тука.
Следува видео од повикот за пријавување.