САД: 30 џамии во Њујорк за 30 денови

aman and bassamДвајца млади мажи од Њујорк, Аман Али и Басам Тарик, се доближуваат до крајот на своето патување во кое тие ги документираат посетите во „30 џамии за 30 денови“ на нивниот блог со истото име.

Личниот проект да се посетат и фотографираат џамиите однатре во текот на светиот месец Рамазан (кога Муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце) дури го привлече вниманието на локална њујоршка телевизија.

Нивниот прв блог пост на 22 август започна со:

Ден 1: Патувањето започнува

Вечерва мојот пријател Басам Тарик и јас добивме една случајна луда идеја: Што ако се молиме во различна џамија секој ден за време на месецот Рамазан? И така овој сајт се роди…

Постојат околу 1 милион Муслимани во Њујорк, од многу различни културни и етнички позадини.

Не е вообичаено луѓето да посетуваат џамии кои припаѓаат на други групи, но Аман и Басам (двајцата со потекло од Јужна Азија) кажуваат дека секаде биле примени со насмевки и топлина.

Ден 9: Џамија Акса (Џамија на Западна Африка во Менхетен)

Денес, решив да останам во моето соседство и да ја посетам џамијата Акса. Џамијата е неколку квартови јужно од мојот апартман на 116та и Фредерик Даглас. Луѓето од заедницата се претежно од Западна Африка. Се вели дека во оваа област живеат поголем дел од Сенегалците во Њујорк.

Ден 9: Џамија Акса

Слично на други џамии во Менхетен, трговци го окружуваат влезот продавајќи секакви работи. Еден од најинтересните трговци продаваше сува риба.

Ден 11: Џамија Ал-Хикмах (Индонезиска џамија во Квинс)

Јас ги сакам индонезиските луѓе и нивната храна. За да го прекинеме нашиот пост ние земавме урми и овој човек во сината блуза служеше многу вкусна индонезиска супа.

Day 11: Masjid Al-Hikmah (Indonesian mosque in Queens)

Преминувањето на културните разлики не е секогаш едноставно.

Басам многу јасно ги искажува своите ставови на 12тиот ден кога му биле претставени две џамии во Бруклин, оддалечени само неколку квартови една од друга: џамиите на Бангладеш и Западна Африка

Потекнувајќи од Јужна Азија, џамијата на Бангладеш ќе беше поедноставна опција, но со охрабрување од пријател тој одлучи да поголемиот предизвик.

Ден 12: Џамија Тавхид Инк. (Џамија на Западна Африка во Бруклин)

… Работите не изгледаа многу чудно на почеток. Всушност, кога почнав да се прашувам како остатокот од верниците ме согледуваат, почнав да се чувствувам непријатно. Се чувствував како гребатор – одвај земав нешто од храната што ми беше понудена и веднаш потоа заминав. Иако можеби никој во џамијата не се чувствувал така, се прашував дали некој се запрашал „Зошто едноставно не отишол во џамијата на Бангладеш?“ Можеби мојата несигурност го постави прашањето.

Masjid

Ден 22: Албански исламски културен центар

… Џамијата имаше сопствен готвач кој ја спремаше храната и нека Алах го награди за неговиот талент.

Храна во албанската џамија

Но храната не се споредуваше со нашето искуство во џамијата. Седевме меѓу многу мали деца прашувајќи ги по нешто за заедницата…

Децата од албанскиот исламски културен центар

… Една работа која навистина ја сакам е да гледам млади деца кои доаѓаат во џамија бидејќи сакаат да го прават тоа, а не поради тоа што се довлечкани од нивните родители. Деца како овие ме прави да се чувствувам добро за тоа каде се движи муслиманската заедница во оваа држава.

Рамазан завршува на 19 септември.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.