Изборна филмска недела во Либан за кажување #НеЗаПродолжување на парламентарниот мандат

Што е подобро од тоа да се мобилизира и седмата уметност? Во уште еден напор кон одржување на избори во Либан и спречување на продолжувањето на парламентарниот мандат #НеЗаПродолжувањето, НВО од Либан Nahwa Al Muwatiniya (во превод – Кон граѓанството) одржа „Изборна филмска недела”.

Шест наслови од Чиле, Иран, Кина, Гана и САД, со варијации од документарци и фикција се прикажуваат помеѓу 28ми август и 2ри септември во Кино Метрополис (кино кое промовира инди филмови) во соработка со Либанската асоцијација за демократски избори (ЛАДИ).

На Фејсбук страницата на настанот, каде е наведена програмата, организаторите напишаа:

Во борба сме со лесно кршлива демократија во Либан, уште од добивањето независност. Денес, повеќе и од најцрните денови на граѓанската војна, на ризик се ставени основите на нашата демократија. Но, ние не сме сами во ова. Светот е полн со приказни за човечката борба за самоопределување и демократско учество. Ширењето на нашите видици е во служба на напорите за подобрување на квалитетот на политичкиот систем во Либан. 

Филмовите кои ги одбравме споделуваат приказни од различни држави, а во сите нив е прикажан изборниот процес. Заедно, тие откриваат комбинација од човечки вредности и идеали како и напорите кои ги прават политичарите за да победат на избори.

За да дознаете за што се работи во филмовите, погледнете го овој трејлер на Јутјуб страницата на Nahwa Al Muwatiniyae.

Сегашниот парламент за првпат го продолжи својот мандат во мај 2013. И како и изминатата година, разни партии го поддржуваат потегот и оваа година под изговори за безбедносната состојба.

Крајот на мандатот на парламентот во Либан доаѓа среде период од превирања. Државата е без претседател од 25ти мај откако парламентот не успеа да избере нов државен врв и главните функционери не успеаја да постигнат политички консензус. Генерален штрајк на синдикатите кои бараат да се одобри нова платежна скала за државни службеници се заканува да ја парализира целата држава. Либан е во период на нестабилност откако на границите со Сирија и Иран беа киднапирани војници од страна на Исламската милитантска организација ИСИЛ .

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.