- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Нов вид на пајаци од Борнео наречени по исчезнат активист

Категории: Источна Азија, Малезија, Граѓански медиуми, Животна средина, Наука, Туризам
Aposphragisma brunomanseri goblin spider. Photo from the Natural History Museum of Berne [1]

Aposphragisma brunomanseri гоблин пајак. Фотографија од Природонаучниот музеј во Берн.

Откриен [1] е нов вид на пајаци од Борнео, од страна на швајцарски научници, кои го добија името по [2] Бруно Мансер, активист за зачувување на животната средина кој се води за исчезнат [3] во државата Саравак во Малезија од 2000та година. Бруно Мансер учествуваше во кампања за заштита на домородното население Пенан и против уништувањето на прашумата во Саравак кога беше прогласен за исчезнат.