- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Расистичка видео игра

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Етничка припадност и раса, Религија, Технологија, Уметност и култура

Муслимански масакр е видео игра која е неодамна објавена и во неа гејмерите треба да користат секакви оружја за да убијат што повеќе муслимани, вклучувајќи го и Алах. Египетските блогери реагираат.

Зеинобиа [1] е загрижен што младите луѓе се вклучени во насилство на ваков начин и уживаат во убивање на следбеници од друга религија:

Нема да негирам дека ова е вознемирувачки, бидејќи оние кои ги играат овие игри се најчесто од младата генерација и се растени со омраза кон други религии и нивните следбеници до тој степен што сакаат да ги отстранат. Ширењето на културата на насилство преку ваков начин не е помалку опасно од другите начини на ширење. Видео игрите се докажува дека се се повеќе опасни, ГТА [2] инспирирани насилства се движат од Северна Америка до Азија.

Тарек [3] покажува слично мислење:

Проблемот тука не е самата игра; тука ме плаши онаа бескрајна верижна реакција. Медиумите, околностите и фундаментални дела од Вахабите започнаа од пред некое време, и со тоа сите тие успеаја да ги исперат мозоците на луѓето и да креираат стереотип за злобни муслимани во нивните мозоци. Потоа луѓето како данскиот карикатурист и развивачите на компјутерски игри започнаа да го развиваат овој стереотип и да го пренесуваат на медиумите и луѓето. Најискрено не можам да кажам како оваа бескрајна јамка ќе заврши. Всушност некои разумни весници и ТВ канали од западот започнаа некои напори со цел да го сопрат сево ова, но сега е како дух, откако ќе го извадиш од шишето, тешко е да го вратиш назад.