Сингапур: Ново правило за цигари

Сингапурската царина објавидека тие превземаат екстра чекори против илегалното пушење на цигари. Од почетокот на 1ви јануари 2009 година, покрај графичките предупредувачки етикети кои веќе се поставуваат на полиците во продавниците 7-11, секоја цигара во Сингапур ќе треба да биде означена со буквите СДПЦ (што е кратеница за Сигапур дјути пеид цигарет – цигара за која е платен данок во Сингапур.) Блогерите – пушачи и непушачи – реагираат.

Слика од сингапурската царина (лево) за тоа како овие обележани цигари ќе изгледаат се прикажува на многу блогови.

Блогот на Тонг прави ваква математика:

Ова значи дека било кој, БИЛО КОЈ што ќе се најде во било кој ќош на Сингапур како купува, продава или пуши цигари за кои не е платен данок, ќе биде казнет 500 долари. Ова е сума за првпат прекршување на законот.

За вторпат или повеќе, штом сте казнети по судска постапка, сумата е 20 пати зголемена.
$500×20= $10000

Карот Азилам прави уште една математика:

Јас плаќам 11.60 долари за една кутија Данхил Фрост во Сингапур, а во Малезија MYR$6 (3 долари приближно), ако се сеќавам точно.

Јас сум сигурен дека Малезија би донела закон за плаќање данок на цигарите и MYR$6 дефинитивно не е цената. Треба да биде многу поевтино. Заради дискусија, ајде да речеме дека цената на една кутија е S$2 и цената во малопродажба на една кутија е за еден долар повисока. Тоа значи дека S$8.60 оди на данок.

Мемоарите на Бра (Сингапурски блог кој одговара на делот за интереси во својот блогерски профил со “Како вистински интерес? Пушење.“ нуди совети за фалсификаторите кои им даваат на Сингапурците поевтина алтернатива за смелите даноци за цигарите:

Шверцери ве молам забележете.
Зборовите се долги 3мм.
Фонтот е Ариел. Запомнете дека се сите големи букви.
Ве молам произведувајте според тоа.

Џејмс Со од Ливинг ин Сингапур Тудеј се држи до здравствената перспектива:

Па така, ако случајно сте пушач, подобро исчистете си ги резервите сега и бидете сигурни дека оние кутии што ќе ги купите од 1ви јануари 2009 имаат обележано “СДПЦ” жиг (печат) на нив.

Или уште подобро, зошто да не се искористи оваа прилика да се откажете од пушењето. Тоа е скапо, штети на вашето и на здравјето на тие околу вас и вие треба да следите цела листа на правила само за да запалите цигара. Па размислете за тоа, откажување од пушењето не е така тешко ако навистина се сака да се направи тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.