Африка: Ваше величество, престанете да се жените!

Неколку малависки новинари им се приклучија на многу други во тридневната конференција Автопат Африка на Родес Универзитетот во Јужна Африка, со тема Граѓанско новинарство: Новинарство за граѓани. Конференцијата, која е најголемиот годишен собир на африканските новинари (присуствуваа повеќе од 700), се фокусираше на новите медиуми и исто така е и форум за критична рефлексија на новинарството, медиумите и технологијата.

Една Бвалани ја дискутира конференцијата и вели дека конференцијата, која е 12 по ред од 1996, е важна за континентот Африка:

Во оваа дигитална ера, новинарот мора да биде подготвен за како најбрзо да ја собира и шири информацијата. Многу е важно да се сфати дека медиумите се витални алатки за информација во секој демократски, интелектуален, културен, економски и социјален развој на нашите општества.

За време на конференцијата, имаше спомнување на Глобал Војсис, како еден од граѓанските медиуми кој се обидува да ги зајакне гласовите на граѓаните низ светот.

Овој автор, Виктор Конга, кој блогира на Ндагха, присуствуваше на конференцијата и го спомнува тоа на неговиот блог.

Меѓутоа, неговиот претходен пост прикажува како малависката влада нема во план да ги поврзе руралните заедници на информацискиот автопат. Неговиот пост, наречен Дали Малави ќе ги поврзе руралните заедници? доаѓа во време кога се одржуваше тридневна интернационална конференција во Малави, спонзорирана од Комонвелт Телекомуникејшн Унион. Конференцијата беше најголемиот ИКТ форум во Африка и беше фокусирана на решенија за поврзување на руралните комуникации. Меѓутоа, авторот тврди дека малависката влада нема адекватна телекомуникациска инфраструктура, ИКТ полиси и финансиска околина за поврзување, не само на руралните средини, тука и на урбаните.

Како што е ситуација денес, нашата земја е предмет на исмејување за неадекватното поврзување, бидејќи поголем дел од земјата не ги искористува модерните информациски и комуникациски технологии и затоа сѐ уште останува на страната на дигиталниот јазол. Ако владата сака да го реализира сонот за поврзување на руралните средини во Малави, потребна е поголема желба и наклонетост за повеќе прашања за да се реализира поврзувањето. Во спротивно, останува само сон.

Еар Малави треба да замине

Економистот и нов блогер, Ватипасо Мкандавир, ја разгледува дебатата околу продавањето на националната воздухопловна компанија Еар Малави, за која се вели дека е во сериозни финансиски долгови. Откако дава серија примери за земји кои ги имаат приватизирано нивните национални авиокомпании, Мкандавир кој има работено на инвестициски прашања за Малави, реагира на предлогот за приватизирање на авиокомпанијата:

Ги сфаќам аргументите на оние кои сакаат да го задржат „националниот имот“ сакајќи да задржат 100% од 0 наместо да задржат, на пример 49% или 10% од 100. Еар Малави е технички банкрот и нејзиното чување им носи штета на плаќачите на данок во Малави, кои можат да ги искористат овие ресурси за подобри цели (здравство, образование итн). Замбија нема национална авиокомпанија, но нејзините аеродроми се позафатени од оние на Малави. Приватниот авиопревозник кој моментално функционира, секој ден се повеќе се шири… Дали Еар Малави треба да биде ликвидирана и да се создаде нов заеднички проект со КОМЕАР? Јас би го направил тоа. Што мислите вие?

Малавиец го советува Кралот Мсвати за Свазиленд

Редовниот блогер и новинар Кондвани Мунтхали пишува за неодамнешниот 40ти независен ден на Свазиленд, кој беше посетен од малавискиот претседател Бингу ва Мутхарика. Во постот наречен, Славење на сиромаштијата: Моралната приказна за Свазиленд, Мунтхали ги повикува африканските лидери да го советуваат кралот Мсвати да престане да се жени.

Посакувам еден од нашите лидери да му каже да Кралот дека е време да престане да се жени колку што сака, така не помага со моменталната ситуација со епидемијата од СИДА и сликата на нација која се бори со модерното и традиционалното. Има една реченица, која гласи „само Кралот може да ја смени традицијата“ – јас верувам дека неговото величество Кралот на Свазиленд има капацитет да ја промовира прекрасната Свази култура со вистинска слобода, со што се покажува дека кралот се грижи. Кралот треба да се грижи за неговите луѓе, а не за неговите жени!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.