- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Кореја: Монаси фатени додека се коцкале, пушеле и пиеле

Категории: Источна Азија, Јужна Кореја, Граѓански медиуми, Закон, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Религија

Во Јужна Кореја, шестмина лидери на најголемиот државен будистички ред, биле фатени играјќи покер за големи пари, пиејќи и пушејќи. Случајот беше обелоденет [1] преку видео кое се појави во јавноста, каде се гледа како монаси од висок ред се коцкаат во луксузен крајезерски хотел само неколку дена пред националниот празник кој го слави раѓањето на Буда.

Влоговите на монасите наводно [2] изнесувале повеќе од 875,000$ (10 милиони јужнокорејски вони) и коцкањето продолжило во ноќта, а траело точно 13 часа. Во Јужна Кореја е нелегално коцкањето надвор од казината кои се одредени за тоа и местата за коњски трки, а ваков чин од религиски водачи заслужува посилна реакција од негодување и муртење – тоа е незамисливо. Интернет просторот во Јужна Кореја беше преплавен од разни реакции, како саркастични коментари, остри критики и горко жалење за корумпираната религија.

Корисникот на Твитер @uxost01 [3] напиша [4]:

어머니가 조계종 억대 도박 뉴스를 아시고서 충격과 비탄에 빠지셨다.

Мајка ми беше шокирана и многу разочарана од вестите за монасите од редот Џогје кои се коцкале со големи влогови од неколку десетици милиони јужнокорејски вони.

Корисникот на Твитер @Arirang5886 [5] истакна [6] дека парите кои ги заложиле монасите биле религиски донации од луѓе:

조계종간부들의 도박, 음주, 흡연행위는 자정의 한계를 넘은 것입니다. 신도들은 피땀어린 시주하면서 절에 다니고, 승려는 그것으로 스릴있게 도 닦는 형국입니다. 부처는 신도의 마음에 있지 절간에 있는 것이 아니라는 것을 잘 나타내고 있는 사건입니다.

Монасите од управата на редот Џогје се коцкаат, пијат и пушат – ова покажува дека ја изгубиле способноста за самоконтрола. Додека следбениците редовно го посетуваат храмот да ги понудат своите тешко заработени пари, тие монаси ги користат тие пари да уживаат во возбудлива потрага по вистината. Овој случај е пример кој покажува дека вистинскиот Буда е во срцето на секој следбеник, не во храмот.

Друг корисник на Твитер @Nabiwahighhill [7] ги спореди овие монаси [8] со корумпираните благородници:

2007 년 명지스님이 100억원 사찰재정을공개하며“수행자는 수행에전념하고,재정은 재가자에맡기자”했다.조계종 승려들이 시줏돈으로 밤샘 도박사건은 승가사회가 타락했음을보여준다.MB정권에서 종교인과 정치인 언론사주가 앙사앙레짐의 2%타락한 귀족이돼간다.

Во 2007 година, монахот Мјунг-џи објави дека храмовите имаат околу 10 милијарди јужнокорејски вони од финансиски средства (околу 8.75 милиони американски долари) и објасни дека тие треба да ја одделат потрагата по вистината од ракувањето со пари. Ваквото коцкање преку ноќ од страна на монасите од редот Џогје покажува дека корејската будистичка заедница е корумпирана. Религиските водачи, политичарите и сопствениците на медиуми станаа корумпираните благородници, високите 2 % од „стариот режим“ [9].
South Korea's famous temple, Haeinsa-21 [10]

Слика од монаси кои се враќаат во нивните соби по вечерната  богослужба од храмот Хаеинса кој е еден од најистакнатите будистички Џогје храмови во Јужна Кореја (не мора да има поврзаност со споменатиот случај со коцкање) Слика: joonghijung, лиценца Криејтив Комонс (CC BY 2.0)

Редот Џогје [11] има повеќе од 10 милиони следбеници што претставува 1/5 од целокупното јужнокорејско население. Водачот на редот Џогје јавно се извини [12] веднаш откако случајот со коцкањето се појави на насловните страни на националните весници, заколнувајќи се на „самопокајување“. Иако постоеја шпекулации во медиумите [13] дека појавувањето на видеото било внимателно испланирано од ривалски сили во редот, ниедна причина или извинување не беа доволни да го смират разочараниот корејски народ.

Парк Тае-су (@sjts200 [14]) твитна [15]:

조계종 자승 중은 도박사태 책임지고 사퇴하라.참회만으로 덮을려고?어림없는 소리[…]

Монахот Џа-сеонг треба да преземе целосна одговорност за ова коцкарско фијаско и да даде оставка. Дали навистина мислите дека можете да го прикриете случајот само со завет за самопокајување? Се разбира дека не.

Јун Хи-сунг (@yunheesung [16]) твитна [17]:

불교 조계종 도박파문이 조계종 내부간의 갈등 때문에 일어난 거라 억울하신가요? 그건 당신들 끼리의 다툼이고, 국민은 억대판돈을 놓고 도박하고 술. 담배를 먹고 피워도 되냐를 묻는 겁니다. 아직도 문제가 뭔지 모르세요?

Сметате ли дека сите овие (обвинувања) се неправедни заради фактот што скандалот со коцкањето беше предизвикан од внатрешен конфликт? Без оглед на тоа дали станува збор за внатрешни конфликти, она што го загрижува корејскиот народ е дали е оправдано монасите да се коцкаат со огромни суми на пари, да пијат и да пушат. Сè уште ли не можете да видите кој е вистинскиот проблем тука?

Јужна Кореја беше многу религиозна земја, но со многуте скандали кои избија и во христијанската и во будистичката заедница [18], фрустрирани, сè повеќе Корејци се откажуваат од религијата. Корисникот на Твитер @tinypencil [19] напиша [20]:

이제 불교에서도 개신교와 매를 같이 맞아주기로 한건가. 요즘 이미지 참 좋아지던 와중에 승려들의 불법도박이라니.

Значи будизмот одлучи да ги дели острите критики со христијанската заедница? Јавното мислење за будизмот порано беше доста позитивно. Но сега, нелегалното коцкање на монасите го уништи тоа мислење.

и додаде [21]:

조계종 승려들의 밤샘도박. 종교가 세상을.치유하는건지 세상이 종교의 뒤에 숨은 저런자들을 먹여살리는건지.

Монасите од редот Џогје се коцкале цела ноќ. Дали религијата е таа која го лекува светот ИЛИ светот е тој кој ги храни овие луѓе кои се кријат под името на религијата?