- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Ѕвездите од Националната хокеј лига (НХЛ) се враќаат на Светското првенство во хокеј 2012

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Русија, Финска, Шведска, Граѓански медиуми, Спорт, Рунет Ехо

Непоразени седум натпревари по ред, со поставата од ѕвезди Евгениј Малкин [1], Павел Датсјук, Александар Семин и Александар Овечкин [2], рускиот национален тим ќе игра против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство во хокеј 2012 на 17 мај.

Светското првенство во хокеј 2012 [3] се одржува во Стокхолм и Хелсинки. Во двата града се одржуваа и прелиминарни натпревари [4], каде што осум тимови се натпреваруваа за првите четири места кои влегуваат во четвртфиналето. Групата во Хелсинки беше составена од: Белорусија, Канада, Финска, Казахстан, Словачка, Швајцарија и САД, додека во Стокхолм играа: Република Чешка, Данска, Германија, Италија, Латвија, Норвешка, Русија и Шведска.

Русија го започна турнирот во саботата, 5 мај, со победа од 5-2 во мечот против Латвија, потоа во неделата ја победи и Норвешка со резултат од 4-2, во вторникот ја победи и Германија со 2-0, а во четвртокот ја победи Данска со 3-1.

Емоционалната победа на Русија против Шведска (7-3)

Дмитри Микхајлов на неговиот двојазичен блог објави [5] како рускиот тим го победил домаќинот на натпреварувањата, во петокот на 11 мај.

СТОКХОЛМ- На долго очекуваниот меч, Русија и Шведска се сретнаа вечерва  во Глоуб Арената на емотивна битка помеѓу двата непобедени тима на Светското првенство во хокеј 2012. Натпреварот започна со водство на Шведска од 3-1, но заврши со победа на Русија откако тие направија непрекината серија од 6 гола, и крајниот резултат беше 7-3.

Како резултат на оваа емотивна победа, медиумите и граѓанските медиуми на рускиот интернет простор драматично ја зголемија покриеноста на турнирот.

Блогерите одговараат на победата на Русија против Чешка (2-0)

Спортскиот свет на планетата дебатираше [6] како, иако Русија постигна гол само 24 секунди од почетокот на натпреварот, Чешка доминираше во поголемиот дел од натпреварот, но сепак не успеа да постигне победа. Eвгениј Малкин [1], НХЛ играч за Pittsburgh Penguins, постигна гол во третиот период, пред тој и уште двајца негови соиграчи – Павел Датсјук и Милан Микхалек – да направат помали прекршоци.

Како што често се случува, кога ваков настан ќе привлече внимание, многу руски блогери ги цитираа репортажите, како начин за ширење популарни анализи. Руслан нјуз повторно објави [7] цитат од Евгениј Малкин, од написот [8] на Вести:

Тяжело всё выполнить. Но, конечно, здорово сыграли. И в обороне пять минут выстояли в третьем периоде. Это, наверное, дало всплеск эмоций, и после этого мы забили быстрый гол.

Тешко е да се постигне се. Но, секако ние одлично изигравме. Нашата одбрана издржа пет минути во последниот период. Ова најверојатно, предизвика многу емоции и подоцна успеавме да постигнеме брз гол.

Се раширија вестите за враќањето на Александар Овечкин и Александар Семин

Слично на ова, вестите за враќањето на Александар Овечкин и Александар Семин од НХЛ, по поразот од 2-1 [9] на Washington Capitals од New York Rangers, се рашири набрзина. (Тимот на Евгениј Малкин Pittsburgh Penguins [10] и тимот на Павел Датсjук Detriot Red Wings [11] беа елиминирани во претходниот круг на плејофот.)

Александар Семин го дава првиот гол на финалето на Светското првенство во хокеј, 18 мај 2008, слика од Алексеј Черниадјев, Криејтив Комонс BY-SA 3.0; Wikimedia Commons.

Повеќето од блогерите го опишаа натпреварот како натпревар за добредојде назад на Овечкин и Семин, додека некои корисници на Твитер ја наведоа нивната блискост со мејнстрим новинарство, како на пример Sport.rbc [12] и Lenta.ru [13].

Лизбет Армел: [14]

Прочитала, что овечкин любит хип-хоп и r'n'b. представила. 5 минут сидела с фейспалмом.

Прочитав дека Овечкин сака хип-хоп и R&B. Седнав и размислував за тоа. 5 минути седев со раката на глава [15].

Сања Беловка: [16]

Овечкина и Семина Ждем с нетерпением….В россии….2-1 Вашингтон домои)!!!А Овечкин В ШВЕЦИЮ!!!!

Со нетрпение ги очекувам Овечкин и Семин да се вратат во Русија….Изгуби 2-1 за Вашингтон, ама сега игра за Русија!!! А Овечкин кон Шведска!!!!

Иглиз Таипов: [17]

Приезд Овечкина и Семина по разному комментируют, кто то вспоминает его прошлогоднюю игру за сборную, и пишут типа зачем он нужен и т.п.. Надо уметь использовать потенциал этого игрока, а мы то знаем что он может играть, что потенциал у него огромный. Семин тоже хороший игрок, то что с Вашингтонгом Кэпиталз случилось это чисто тренерский просчет.

Луѓето велат различни работи за пристигнувањето на Овечкин и Семин. Некои се потсетуваат на тоа дека Овечкин играл лошо минатата сезона и се прашуваат зошто ни е потребен сега, итн. Мора да успееме да го искористиме потенцијалот на овој играч, а знаеме дека знае да игра – односно дека има огромен потенцијал. Семин исто така е добар играч, а за она што се случи со тимот од Вашингтон, причина беше тренерот.