Русија: Напади од ајкули во Владивосток

Вести за напади од ајкули вообичаено доаѓаат од места како Австралија, Калифорнија, Хаваи или Флорида. Иако овие напади не се случуваат толку често, повеќето луѓе се преплашени од ајкули. Освен тоа, нападите на ајкули станаа вообичаена тема во жанрот на хорор филмови. Читајќи вести за напади од ајкули е како гледање на хорор филм; што прави да е тешко да се верува дека тоа може да се случи на места сосема непознати по напади на ајкули.

На 17 август, во водите на Јапонското море во близина на Владивосток се појавија ајкули и повредија двајца мажи. Овој инцидент се случи на територијата на регионот Приморски Краи – најјужниот дел од рускиот далечен исток. Август е најдобриот месец за одмори покрај море во регионот – тоа е време кога морето ја достига идеалната температура, така што многуте мали заливи во областа се преполни со туристи од соседните руски територии кои доаѓаат за да ги поминат нивните одмори покрај море.

Глад, од корисник на Фликр, Keoni Cabral (CC BY 2.0)

Во Јапонското море има неколку вистински закани за луѓето. Само згушувачката медуза претставува вистинска опасност за пливачите и тоа само за краток период, од крајот на август до почетокот на септември. Оваа година, поради ненормално жешкото лето, медузата се појави во водата три недели порано од вообичаеното. Многу луѓе сериозно беа повредени од нивните убоди оваа сезона.

Активноста на медузите не е единствената работа која ги шокираше луѓето од оваа област сезонава. Ајкулите се постојани гости во Јапонското море, но нивните посети никогаш претходно не бележат напади врз луѓе.

Челуст: Издание приморје

На денот на првиот напад, млад пар уживаше во топлото море и сончевото време, кога младиот човек, Денис Удовенко, забележал ајкула во близина – на околу 30-40 метри од брегот. Тој ја испратил неговата сопруга Полина кон брегот и решил да го одвлече вниманието на ајкулата за да не ја следи. Кога ајкулата го нападнала младиот човек, гризајќи му ја раката, тој покажал храброст и издржливост удирајќи ја во носот. Неговите напори, не ја спречија ајкулата да ја нападне другата рака на Удовенко. За негова среќа, некои луѓе на брод кој бил во близина ја исплашиле ајкулата и го спасиле неговиот живот. За жал, докторите мораа да ги ампутираат двете раце на Удовенко до под лактите.

Следниот ден, 16 годишно момче било нападнато од ајкула додека пливало на неколку километри од местото на првичниот напад. Луѓето го слушнале момчето како вреска и веднаш дошле да му помогнат. Ногата на момчето беше сериозно повредена, но докторите успеаја да ја спасат и информираа дека момчето ќе може повторно да чекори.

На 23 август, локалните медиуми известија дека е пронајдена мртва мечка во близина на Јапонското море. Двајца мажи се враќале од рибарење кога забележале како нешто црно плови во водата. Тие го изнеле мртвото тело на мечката на брегот и откриле дека шепите на мечката недостасуваат. Тие се сомневале дека ајкула го нападнала животното и ги откинала нејзините шепи. Локалните власти, веруваат дека мечката починала од природна смрт и дека шепите недостасуваат поради природното распаѓање на телото кое било во водата подолг временски период.

Лов на ајкули

Во меѓувреме, сите овие вести предизвикаа хистерија во регионот: луѓето дури почнаа да ловат ајкули. Се вели дека неколку возила плутале во водите каде луѓето биле нападнати. „Ловците“ истурале литри крв во водата и се обиделе да ги привлечат ајкулите со пилешко месо.

LJ корисникот churkinsky_most истакнува:

[…] Забележете како ги ловат овие ајкули. Како мамец, литри на свежа крв се истураат во морето, и покрај фактот дека ајкулата има силно чувство за мирис над просечното и може да намириса капка крв одалечена на километри. А еве имаме десетици литри крв. Крвта се истура во близина на островите, каде вообичаено се одмараат многу луѓе.

Имаше и извештаи од локални рибари кои фатиле ајкула долга 2.2 метри. Тројца мажи имале потешкотии да ја извлечат на нивниот брод. Локалната заедница реагираше брзо: луѓето тврдеа дека тоа е ајкула лосос, која не напаѓа луѓе, нејзините вилици не се создадени за расекување парчиња, затоа оваа ајкула нема ништо со двата напади.

Блогерите реагираат и иницираат кампања за поддршка

Овие непрекинати вести ја потресоа заедницата на локални блогери. Некои блогери пишуваа за настаните изразувајќи грижа, додека други заземаа повеќе саркастичен тон во известувањето за тоа. На пример, LJ корисникот Ditex се шегуваше дека „немаше ајкула, тоа е само крапче кое прераснало поради Фукушима.“

Гувернерот на регионот Приморски Краи, Сергеј Даркин, и првиот заменик премиер Игор Шувалов, го посети Удовенко во болницата и веќе обезбеди помош за неговото префрлање во друга болница.

Во исто време, милијардерот Микхаил Прокхоров, лидерот на новоорганизираната политичка партија Правое дело, изрази желба да им помогне на жртвите на нападите од ајкули. Како и да е, никој сеуште го нема контактирано Удовенко или блиските до него во име на Прокхоров.

Се чини дека некои политичари се обидоа да скокнат на возот со симпатии, обидувајќи се да добијат поени од електоратот преку изразување на желба да ги поддржат жртвите. Некои блогери веќе ги посочија политичките притаени струи во оваа приказна, подбивајќи се со Путин, повикувајќи се на последниот потег за односи со јавноста на премиерот, за време на кој тој „случајно најде два древни амфори“ (снимка).

Putin and sharks by LiveJournal user YUSKEY_KUN

Путин и ајкули од корисникот на LiveJournal, YUSKEY_KUN

Или, алтернативната верзија каде Путин јава ајкула:

Putin riding a shark by LiveJournal user a_simakoff

Путин јава ајкула од корисникот на LiveJournal, a_simakoff

Но, реакциите на блогерите не беа единствено насочени кон подбивање со политичарите и пласирање изобличени слики.

Аксинја, блогер и пријател на Денис Удовенко, заедно со други корисници, организираше интернет кампања за прибирање пари за помош на Удовенко, за да добие соодветни лекови и вештачки екстремитети кои му се потребни за заздравување. За период од четири дена, активистите собраа 1.2 милиони рубљи (приближно $42,000).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.