- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Судење на активистот за човекови права Жарко Трајаноски

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Слобода на говор, Човекови права

Денес во 13 ч во Основниот суд Скопје I (судница 17) ќе се одржи главното рочиште во судскиот процес против Жарко Трајаноски, тужен за клевета и навреда [1] од страна на провладиниот ТВ-водител Миленко Неделковски. Трајаноски е обвинет [2] за користење на изразот „медиумски шарлатан“ на главните вести на покојната А1 телевизија [3] во дискусија за кампањата за говор на омраза на Неделковски, која вклучува и повици за убивање на „предавнички“ новинари (en [4], mk [5]).

Последниот  испад [6] на Неделковски, „новинарот кој се однесува како личен пријател на Никола Груевски“ и  неказнето декларира дека „предавниците заслужуваат говор на омраза“ е злоупотреба на трагичната смрт на син му за јавно да го навредува поранешниот уредник на А1 Ацо Кабранов.