- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: Јуриш низ улиците (и онлајн) на Националниот празник на Каталонија

Категории: Западна Европа, Шпанија, Владеење, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Протест

Овој пост е дел од едицијата Европа во криза [1]

Националниот празник на Каталонија, или Diada Nacional [2], се одржува секој 11-ти септември, со цел сеќавање на поразот на каталонските трупи во 1714 година, за време на Шпанската војна за сукцесија [3], која што наметна строг централизам во Шпанија и го одбележа крајот на политичката автономија на Каталонија. Оваа година, празникот беше проследен со историски наплив од чувства настроени кон независноста, факт кој станува сѐ појасен на блогосферата и социјалните мрежи.

Надвиснатите последици од глобалната финансиска криза во Шпанија, како и плановите на владата за построга централизација, натамошно ги заладија и онака тешките односи помеѓу Каталонија и Шпанија. Всушност, едно анкетно истражување спроведено во јуни 2012 [4] [каталонски] покажа дека 34 проценти од испитаниците фаворизираат независност за Каталонија, наспроти 28,7 проценти кои фаворизираат федерализација на Шпанија, додека 24,5 проценти фаворизираат регионална автономија (односно статус кво) и незначителни 5,7 проценти одбрале централизирана шпанска држава (6,3 проценти од испитаниците биле без одговор).

За прославување на празникот, граѓанската платформа Assemblea Nacional Catalana [4] (Каталонско национално собрание, основано во 2009 година) организираше сенароден масовен собир во Барселона под очевидно сепаратистичкиот слоган „Каталонија: Новата држава во Европа“. Датумот за собирот беше 11 септември и се очекуваше масивна [5] посетеност.

“Catalonia, new state in Europe”. Poster for the joint mass meeting on September 11. [6]

„Каталонија, новата држава во Европа“. Постер за сенародниот масовен собир на 11 септември.

Бура на социјалните медиуми

На Твитер се родија речиси неограничен број на хаштагови во корист на независноста, а никнуваат сѐ повеќе. Во текот на претходните неколку недели, хаштаговите директно се однесуваа со собирот и тоа:  #11s2012 [7] [каталонски], #11setembre2012 [8] [каталонски], #marxaANC [9] [каталонски], and #11sCAT9estat [10] [каталонски].

Скорешно се појави и еден веб агрегатор [11] [каталонски], кој ги канализираше сите активности на Твитер и Инстаграм поврзани со празникот (достапни и на англиски јазик [12]), како и #1balco1estelada [13] [каталонски], збирка на фотографии испратени од корисници [14] [каталонски] од сепаратистичкото каталонско знаме или estelada како виси од балконите.

Организацијата Catalans al Món [15] [каталонски] им овозможи на Каталонците во дијаспората кои не се во можност да дојдат во Барселона виртуелно да учествуваат [16] [каталонски] на собирот.

Различни социјални и политички кризи во Каталонија, како и сѐ полошите односи со шпанската влада се постојана тема на разговор на социјалните медиуми и интернетот воопшто во текот на претходните неколку месеци. Истите разговори се проследени со скорешни полемики, дебати и сајбер – активизам кои произлегуваат од конфликтот помеѓу Барселона и Мадрид.

Фискална криза

Економската криза го поплочи патот за повеќе онлајн дискусии и иницијативи. Твитер корисничките сметки @StopEspoli [17] [каталонски] и @DèficitFiscal [18] [каталонски] ја следат еволуцијата на Каталонскиот фискален дефицит [19] во однос на Мадрид (односно, разликата помеѓу придонесите на каталонските плаќачи на данок кон државата и државните инвестиции во Каталонија).

Гласачите и активистите кои фаворизираат независност обично го посочуваат високиот дефицит на регионот како главната причина за сериозната финансиска криза. (Во пресрет на меандрирачките преговори на предложената економска независност на Каталонија, владата во регионот неодамна побара финансиска помош [20] [каталонски] од владата во Шпанија.

Хаштаговите, како на пример #espolifiscal [19] (#ФискалнаКражба) [каталонски] или #espanyaensroba [21] (#ШпанијаКрадеОдНас) [каталонски] ја одбележаа дебатата на Твитер. Вебсајтот espolimetre.cat [19] („Крадометар“) нуди пресметки за дефицитот во реално време, а истиот е достапен на каталонски, шпански, англиски, германски, француски и италијански јазик. Секако, уникатната природа на каталонската финансиска криза е премногу сложена за да се објасни во овој пост, за што ја препорачуваме оваа статија [22], објавена од економистот Xavier Sala-i-Martin [22] на неговиот блог.

Едно од најпопуларните и најефективните граѓански иницијативи која проникна во текот на претходните неколку месеци беше движењето „Нема да плаќам“ [23], кое стана вирално благодарение на истоимениот хаштаг на каталонски јазик #novullpagar [24] [каталонски]. Движењето започна во март 2012 година, кога моторџијата Josep Casadellà i Turon [23] [каталонски] сними и прикачи видео од себеси како одбива да плати патарина на автопатот AP-7, со тоа противејќи се на нерамомерната распределба при приватизацијата на патиштата во Каталонија, во споредба со остатокот на Шпанија.

На каналот Novullpagar [23] [каталонски] на YouTube, како и на Твитер, постојат многу кориснички видеа на кои тие ја емитуваат својата граѓанска непослушност на каталонските автопати. Движењето на обичните граѓани набргу разви кохезивно раководство, кое подготвувајќи се за собирот, организираше [23][каталонски] и нешто за што се надеваат дека ќе биде масивно #novullpagar [23] [каталонски], бидејќи „овие автопати ја финансираат шпанската инфраструктура и џебовите на нашите политичари.“

Општествена акција и воени закани

На 3ти септември, општините Sant Pere de Torelló [23] и Calldetenes [25] се прогласија [26][каталонски] за „слободни каталонски територии“ со цел да извршат притисок врз каталонската власт за агресивно и непосредно гонење на независноста.

Неколку дена претходно, на 31 август, Francisco Alamán Castro, полковник во шпанската војска, се закани со воена интервенција [27] [каталонски] доколку Каталонија прогласи независност. Неговите изјави за време на интевју со екстремно – десничарската (и помалку маргинализирана) онлајн публикација Alerta Digital [28] [шпански], експлодираше на блогосферата.

На долго и на широко се побаруваше неговo разрешување, под хаштагот #DenúnciaAlamán [27] [каталонски] и се разви интензивна дебата [27] [каталонски] околу членот 8.1 од шпанскиот Устав од 1978 година, кој гласи „гарантирање на сувереноста на Шпанија, одбрана на територијалниот интегритет и владеењето на уставот.“

„Анти – каталонизам“ онлајн

Веќе неколку месеци, иницијативата @Apuntem [27] [каталонски] го надгледува сѐ пожестокиот анти – каталонски дискурс на Твитер. Иако споменатите корисници обично се незначителни, со прстофат од следбеници, фреквенцијата и (неретко отворено насилниот) интензитет на акцентирани твитови посочува на цела една култура од јавна омраза за каталонскиот народ, што е загрижувачки.

Еден таков случај е оној на Àlex Fàbregas [27], олимпиец од Каталонија кој во јули изјави дека се чувствува повеќе како Каталонец, отколку како Шпанец, како и дека играл за Шпанија единствено поради тоа што „немал друг избор“ (постои закон во Шпанија кој ги казнува повиканите атлетичари кои ќе одбијат да се придружат на олимпискиот тим). Фабрегас беше на тапет со насилни коментари – дури и смртни закани – сето тоа го примора да го избрише својот Твитер акаунт. Корисниците кои сочувствуваа со него го создадоа хаштагот ##TotsSomÀlexFàbregas [29] (Сите ние сме Алекс Фабрегас) како одговор.

Обид за објаснување на каталонските перспективи

Во последните неколку месеци, каталонските граѓани ги засилија своите напори за да го објаснат каталонскиот контекст на Меѓународната заедница како спротивен со доминантниот дискурс кој извира од Мадрид, каде обично и се сместени странските кореспонденти. Блогот на англиски јазик Col·lectiu Emma [30] беше основан како одговор на „искривените визии за каталонскиот народ од интернационалниот печат.“

Славејќи го празникот Col·lectiu Emma објави есеј [27] на шест јазици со цел да го објасни каталонскиот социјален контекст на другите европски соседи. На Твитер се појавија хаштагови на англиски кои ја фаворизираат независноста, како што се #Cataloniaisnotspain [31] или #FreedomForCatalonia [32]. Твитер активистите ги употребија овие хаштагови за организирање [27][каталонски] на колективен масовен твит на 10ти септември

Овој пост е дел од едицијата Европа во криза [1]

Долунаведените хаштагови водат до твитови на каталонски освен ако не е поинаку назначено: