Ерменија: Хаос по експлодирање на балони за време на предизборниот собир

Во петокот (4 мај) за време на митингот за парламентарните избори во Ереван, главниот град на Ерменија, се случи несреќа кога случајно една цигара предизвика балоните наполнети со гас да се запалат. Се проценува дека повеќе од 140 лица се повредени од експлозијата.

Одржан неколку дена пред самите парламентарни избори, настанот, кој вклучуваше и концерт, беше организиран од страна на владеачката партија, која се надева дека ќе ја одржи контролата врз 131-то седиште во државното собрание.

@Ripsii: Паника на предизборниот концерт на Плоштадот на републиката во Ереван, Ерменија. Што се случува?

@nhc_no: Балони со гас експлодираа на митингот на Републиканската партија во Ереван – 144 повредени на преполниот Плоштад на републиката и тоа на последниот ден од кампањата. #armelection

@onewmphoto:  Хаотични сцени на Плоштадот на републиката по експлозијата предизвикана од балоните на митингот на владеачката Републиканска партија и концертот http://bit.ly/J7EVMA #armelection

@ERostomashvili: Ужасно… 144 лица во болница со изгореници по #armelection кампањата, експлодираа балони во Ереван http://bit.ly/Kw3QFU via @onewmphoto

@thisisladychris: @ERostomashvili @onewmphoto 🙁 Навистина жална вест. Мене ми се допаѓа Ереван. Се надевам дека повредените брзо ќе закрепнат.

@ERostomashvili: @thisisladychris @onewmphoto Да се надеваме. Барем министерот за здравство кажа дека нема посериозни повреди кај луѓето.

@onewmphoto: Исусе, кој идиот ли ставил гас во тие балони? Според сликите може да се види МАСОВНА експлозија на Плоштадот на републиката http://bit.ly/Km60y4 #armelection #armenia

@unzippedblog: Со што ли се наполнети тие балони? #Sad&Angry #Armenia #armelection

@jason_blosser: Дури од Ројтерс велат – експлозијата во Ерменија е предизвикана од балоните со хелиум… само што хелиумот е незапалив гас! Не може да експлодира, луѓе!

@Phooto: “@Telegraph: 140 лица се повредени од експлозија на балони на концерт во Ерменија http://tgr.ph/IMSznD” зошто ли полнат балони со хидроген?

@derekarridge: @Phooto @telegraph  Можеби се малку заостанати со науката?

Следниот ден, со оглед на сериозноста на настанот, норвешкиот Хелсиншки Комитет објави на Твитер дека многу луѓе се прашуваат зошто митингот и концертот продолжија.

@nhc_no: Ереван се врати во нормала по вчерашниот инцидент, со повеќе од 100 хоспитализирани лица и дискусии зошто при сето тоа продолжи концеротот. #armelection

Блогот „Unzipped“ исто така постави важни прашања.

Мое прашање бр.1:

Со што ли беа наполнети тие балони?

Според непотврдени изјави, наместо со хелиум биле наполнети со ефтини супстанци слични на гас. Јас ќе поверувам во оваа верзија.

Мое прашање бр. 2:

Зошто по толку голем инцидент „концертот“ продолжи? И зошто по таков инцидент, претседателот на Ерменија, како што било планирано, си продолжил со својот предизборен говор како ништо да не се случило?

Не, НЕ е секогаш ВО РЕД да се каже: „Шоуто мора да продолжи“.

[…]

Моја одлука:

Ова е бесрамно непочитување на човечките животи!!

***

Јас сум екстремно тажен и лут. Моите мисли се со повредените луѓе…

Подоцна, медиумите додадоа дека шефот на владеачката републиканска партија, претседателот на крајот од својот мандат Серж Саргсјан, всушност ги посетил повредените во болница. Но, како што бројот на повредени се зголеми на 154, многу прашања се уште остануваат без одговор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.