- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Инвазија на скакулци во главниот град на Мадагаскар

Категории: Супсахарска Африка, Мадагаскар, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Животна средина, Здравје, Катастрофи, Најважни вести, Наука, Храна

Твитер и Фејсбук корисниците од главниот град на Мадагаскар, Антананариво, објавија неколку фотографии од инвазија на скакулци во нивниот град. Инвазиите на скакулци не се необични во Мадагаскар, особено по тропски бури, но тие се многу ретки во големите градови. Скакулците можат да имаат поразителен ефект врз жетвата, особено во земја која се бори со напади од глад во изминативе години.