#valala pic.twitter.com/YHzOx5Q8QU
— Vaintche Rahouli (@vincraholi) 28ми август, 2014
Твитер и Фејсбук корисниците од главниот град на Мадагаскар, Антананариво, објавија неколку фотографии од инвазија на скакулци во нивниот град. Инвазиите на скакулци не се необични во Мадагаскар, особено по тропски бури, но тие се многу ретки во големите градови. Скакулците можат да имаат поразителен ефект врз жетвата, особено во земја која се бори со напади од глад во изминативе години.